ФЗОМ испрати предлог договор до ЗПЛРМ

Забелешки на новиот договор од страна на ЗПЛРМ во прилог:

Во член 2
Не смее да се раскинува договор ако не се комплетира тим.
Образложение: веќе постојат амбуланти кои имаат проблем да најдат медицинска сестра неколку месеци. И тој проблем ќе биде се почест во наредните периоди. Дали треба и докторот да остане без работа и пациентите без доктор ако не може да се најде мадицинска сестра?

Во член 4
Да нема рок од 5 дена туку да стои да е должен да го врати факсимилот.

Во член 6
Да биде до 3500 бода 100%
Од 3500 до 4500 бода 90%
Од 4500 бода —80%
Стимулација за секој нов тим а не само за прв факсимил.

Член 7
Да се брише делот — капитација се исплатува само за комплетен тим. И сега постои придобивка да ако докторот направи два огласи за медицинска сестра и никој не се јави, тогаш докторот си продолжува да си работи и да пружа здравствени услуги. Не смее да има ограничување до 70 дена.

Член 8
Исплата на капитација да е 100% а превенцијата да е платена од Министерство за здравство,програми превентивни ,во соработка со ЦЈЗ.

Исплата на капитација да биде еднаква со јавно здравство, месец за месец или најкасно до 15-ти во месецот.

Член 10
Пратена покана мора да е реализирана цел и никaко не смее да се казнува доктор ако пациентот не сака или не може да направи превентивен преглед. Има права на пациенти и тоа е нивно право. Во државава имаме задолжителна вакцинација, но никогаш не е 100% и никој не е казнет за тоа.

Член 13
Во точка 10 место три месеци да биде еден месец.

Точка 11 да се брише секако веднаш се плаќа здравствено осигурување.

Точка 12 да стои фиксен телефон, да има јасно ограничен временски период во кој пациентите ќе добиваат телефонски одговори од докторот. Сега, додека се прегледува еден пациент, телефонски друг пациент си порачува рецепти, упати откажува и презакажува, бара совет или информација кога е некој специјалист и така навистина се нарушува комодитетот на пациентот кој е веќе раскомотен за преглед. Секаде во светот има ало докторе само во одреден термин а не цели 8 часа секој ден и плус прегледи по 80. Или да се земе хрватскиот модел каде со разговорот преку некој оператор, докторот добива некоја надокнада за тоа.

Точка 14 да се брише — докторот одлучува и прави тријажа кој е итен во моментот.

Точка 22 да се брише — не се печати без дијагноза ,софтверски е решено.

Точка 29-согласно Правилник за плаќање на ФЗОМ за дежурства.

Точка 32-постои електронско пријавување и веднаш да се плаќа.Во првите два месеци има најмногу прегледи за здравјето на бебето.

Точка 40 да се брише – неизводливо.

Точка 41 да се брише.

Точка 43 да се брише. Фзом не плаќа за ампуларија и сите фактури ни се во книговодство. Одамна не се водат материјални картици, се водеа се додека фзом ни плаќаше по учинок.

Член 14 да се тргнат ортопедските потврди од матичен доктор за ортопедски помагала. Нека си ги издаваат специјалистите.

Член 15 да се брише.

Член 16—да нема ограничување на сума ,бараме фзом да направи терк по кој нашите софтверски куќи ќе ни овозможат да работиме електронски со лимит на дозволени лекови за пропишување и сето тоа електронски да се ограничи.
Дали фзом размислува за бонус за доктори кои го штедат фзом и рационално пропишуваат лекови??? Постои во Словенија.
Во последниот став од овој член,нашиот коментар е да ние можеме да влијаеме само ако фзом ни врати да пропишуваме со продажни имиња а не по генерика. Сега фармацевтот е тој кој го продава лекот и кој влијае што ќе продаде.

Член 17 — во него пак пишува да треба да пропишуваме по генерика а ние мислиме да треба да ни се врати правото да пропишуваме по продажно име. Во делот за А3 формат,толку е ситен што никој не го чита кај нас и пациентите кои идат со мали деца ги кинат постојано од нашите ѕидови. Комплетно непотребно.

Член 18 се слагаме да имаме итна ампуларна терапија но не и задолжителна. Секаде во свет ампуларна терапија се пружа само во болници. И да биде со посебна фактура.

Член 22 повторно дежурствата од матични доктори да бидат согласно Правилник за плаќање на фзом за дежурства.

Член 23 само во места каде нема служба за домашна посета.

Член 24 — првиот став на крај да биде во согласност со докторот.

Член 25 — е едно од најболните прашања за матичните доктори — тие даваат боледување на сите а за себе не можат да користат долготрајни боледувања. Затоа предлагаме кога некој матичен доктор се разболи ФЗОМ мора да пушта 100 % капитација, а болниот доктор ќе си се договори со замената со интерен договор, како ќе се плаќа сестрата, киријата, трошковите за одржување на амбулантата и се друго.

Член 26 реално никогаш не е профункциониран и да биде по пресметка.

Член 31 во обврски на ФЗОМ да се додаде:

Редовните контроли да се најавени.
Да се одржуваат месечни средби на раководители на ФЗОМ со координатори на ЗПЛРМ и на ЛКМ.
Да се унифицираат сите контроли по градови.

Член 32 да се брише исто, е со делот за Опомена.

Член 33 — Владата има донесено мерки за намалување на казнена политика, а во случајов имаме зголемување на казни.
Да се брише последниот став од овој член. Наше барање е казните да бидат на процент од просечна плата, нема никаде во свет фирмите да се казнуваат на цели буџети или проценти од буџети, само кај нас.

Во член 34 повторно договорни казни од дуплиран износ….дали ФЗОМ размислува дека со раскинување на договор тој доктор ќе излезе од мрежа и прашање е кога пак ќе влезе. Во однос за казнена политика бараме да има за се прво опомена, па една половина од просечна плата, 1/3 и 1/4 од просечна плата во РМ.

Во моментов во Македонија има еден тренд на брзо учење германски јазик за доктори и медицински сестри и јас како Претседател а и моите колеги би сакале да имаме договор кој би бил стимулативен и полн со авангардни предлози, се со една цел да направиме подобро здравство со задоволни доктори и задоволни пациенти.

Потребна е минимална партиципација на примарно ниво кај матични доктори за да има барем малку една мала брана од енормниот број на влезови на ова ниво, мора ФЗОМ да покаже грижа за овие доктори и медицински сестри кои решиле да останат во РМ.

Со надеж да ќе се прифатат нашите забелешки.

Со почит
Др Лилија Чолакова Дервишова
Претседател на ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари