Здравствените власти и матичните лекари се договорија – нема повеќе миграција на пациентите во случај на заминување на лекарот

Ако матичниот си замине од ординацијата или почине, пацинетите нема да останат без лекар. Фондот нема веднаш да ги избрише од евиденцијата како што беше досега туку остануват кај сопственикот на амбулантата или замената додека да дојде нов доктор. Во меѓувреме пациентот ако сака може да си најде друг матичен. Здравствените власти конечно го прифатија ова долгогодишно барање на Здружението на приватни лекари на Македонија.

-Откако ќе си замине второвработениот или почине второвработениот да не се бришат пациентите остануваат на амбулантата, 70 проценти ќе земе докторот кој е сопственик или тој што му е замена. Со вработување на нов доктор пациентите се префрлаат кај него, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Претставници на ЗПЛРМ на состанокот со министерот и директорите на Фондот разговарале и за покачување на капитациониот бод и повеќе пари и за матичните лекари. Договориле за две недели да се направат финансиски пресметки и повторно да се сретнат.

-Министерот даде цврста гаранција дека за 2 недели ќе се прави финансиска рамкаколку би било покачувањето на бодот следната година, нашите барања се ако за секундарното и терциерното биде 15 проценти истото да важи и за нас, зошто сме исти пред законот, додаде д-р Чолакова Дервишова.

Инаку вчерашната средба во министерството за здравство следуваше откако за денеска неколку матични лекари најавија дека нема да работат и ќе примаат само итни пациенти поради ингнорантскиот однос на здравствените власти.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари