Матичните лекари разочарани оти не се опфатени со покачувањето на платите од 5%

Матичните лекари се разочарани бидејќи не се опфатени со најавеното покачување на платата на здравствените работници. Од ЗПЛРМ велат дека вакви парцијални решенија доведуваат до огромно незадоволство кај матичните кои се столбот на системот. Апелираат трендот на покачување да се примени и во ПЗУ кои имаат договори со фондот за здравство. Бараат да знаат што ќе биде со нив, а буџетот за наредната година се планирал во септември.

– И ние сакаме сега да знаеме што планира оваа Влада за 2019 година. Нашите 5 годишни договори истекуваат на нова година и бараме 10 годишни договори, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Министерот Филипче изјави дека имале неколку состаноци со матичните лекари пред одморите и наскоро ќе продолжеле со разговори за изнаоѓање заеднички решенија.

-Тие се заинтересирани и за законски и системски измени. И треба да видиме кои од тие решенија кои ги ставивме на маса се најсоодветни и како да постапиме за имплементирање на тие решенија, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Но, Филипче не одговори конкретно дали и матичните лекари ќе добијат повеќе пари од државата. Инаку пред неколку дена беше најавено дека околу 19.000 здравствени работници од секундарното и терциерното здравство ќе добиваат повисока плата за 5 проценти.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари