Проблеми со организација на саботни дежурства во Скопје

На ден 25.08.2018 година се реализираше средба меѓу Претседателот на ЗПЛРМ Др Лилија Чолакова Дервишова, Др Игор Дабески, Др Мевлудин Куч, Др Владимир Јовановски и Директорот на здрвствен дом Скопје Др Злате Мехмедовиќ.

Претставниците од ЗПЛРМ го информираа Директорот на Здравствен дом Скопје дека повеќе не се во можност да ги прават распоредите за саботните дежурства од страна на матичните доктори заради технички проблеми.

Во изминатите години ЗПЛРМ ги организира саботните дежурства во Скопје со помош на своите координатори, но секогаш имале одлична соработка со ФЗОМ кој ги информирал кој е на породилно, кој е во пензија или е на боледување. Но сега не постои таков линк со ФЗОМ и затоа координаторите не се во можност да направат квалитетни распореди.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари