Писмо до Министерот Венко Филипче

Почитувани колеги,

во изминатиов период се реализираа неколку средби со Министерот Филипче, но до сега и покрај сета наша конструктивност, конкретно поместување на подобро за докторите во приватниот сектор од примарно и секундарно ниво -нема.

Последно што побара Министерот беше табеларен приказ на нашите барања. И од тогаш поминат е еден месец и нема
никаков одговор од МЗ. Се надевам дека следниот пат нема да ни побараат пауер поинт презентација за нашите барања. Проблемите во приватниот сектор си стојат.

Во продолжение Ви го доставувам писмото кое е испратено до Министерот.

Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Почитуван Министер,

Во прилог е табелата со објаснување за бараните измени. Од истата може да се заклучи дека во најголем дел проблемите со отсуството/ боледувањето/смрт на лекарот/ заминувањето во странство итн. ќе се решат со издавање на
Лиценца за работа на ПЗУ, наместо на носителот на дејност, т.е. докторот, како што сега е случај. Доколку навистина сакате да се реши овој проблем, кој не задира во финансиите и исклучиво се решава со измени на закон, може
веднаш да го решите.

Во претходниот период одредени парцијални решенија од типот плати за специјализанти, покачувања на дежурства кај докторите во ЈЗУ итн. не доведуваат во нерамноправна положба со колегите од јавен сектор. Разбирливо, заради истото, кај нашите колеги примарци се акумулира незадоволство, особено што во нашиот сектор буквално ништо се нема
поместено на подобро, а сите наши барања кои ви ги презентиравме уште на првата средба со Вас, за Вас беа прифатливи и во ред, за сега полека полека да се повлекувате од истото.

Во најитен можен рок бараме одговор од вас за тоа кој ви е планот за ПЗЗ, дали сте спремни нешто заедно да поместиме на подобро или останува „статус кво“ ситуацијата за нас во ПЗЗ и ќе стоиме и ќе броиме колку наши
колеги ја напуштиле Државата. При тоа сакаме да нагласиме дека мора да имате во предвид да секое покачување на примањата во ЈЗУ биде проследено со покачување на капитацијата во ПЗУ, затоа што вака пак ќе речеме, сме
нерамноправни, и на пазарот на труд за младите доктори сме се понеатрактивни затоа што не можеме да парираме со платите кои им се нудат во ЈЗУ.

Искрен поздрав и секогаш спремни за соработка

Претседател на ЗПЛРМ

Др Лилија Чолакова Дервишова

Prefrluvanje na maticni pacienti predlog resenija

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари