Матичните со полни раце работа на стартот на месецот, пациентите брзаат пред да снема терапија во аптеките

Во првите денови од месецот ординациите на матичните се преполни со пациенти. Лекарите од примарното здравство се жалат дека во еден ден имале и по 200 прегледи. Најголемиот дел од граѓаните претежно пензионери и лица со хронични заболувања доаѓале за терапија плашејќи се дека дека после 10-ти нема да го најдат лекот на рецепт па ќе мора да го платат приватно.

-Од пред неколку месеци кога немаше лекови и се случи пациентите да останат без терапија. Последните 2-3 месеци матичните имаат енормен број на влезови на пациенти пензионери и хроничари. Тоа е неиздржливо. Некни се јави колега од Берово кој во првиот ден од месецот прегледал 200 пациенти. Тоа се такви рушења на рекорди и мислам дека ниеден човечки организам неможе да издржи, поготово ако знаеме дека просекот на матичните лекари е 58 години, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

И овој месец граѓаните имаат проблем да ја најдат неопходната терапија на товар на фондот. Астматичарите се жалат дека уште на први неможат да најдат спрејови на рецепт бидејќи аптеките ја истрошиле месечната квота.

Топлото време овој период од годината е дополнителен проблем за повозрасните и хронично болните лица. На пеколни температури мораат да шетаат од аптека до аптека за да го најдат потребниот лек на рецепт.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари