Алармантен недостиг на лекари и специјалисти во сите здравствени установи во земјава

Во прилепската болница постои опасност од затворање на болнички оддели поради недостиг на лекари. Нема гинеколози, рендгенолози и интернисти, или, според проценките на директорот им фалат околу 30 специјалисти. Вели дека кадарот со кој располагаат е исцрпен, бидејќи има доктори кои работат прва смена во Прилеп а потоа дежураат во Битола.

Состојбата не е алармантна само во прилепскиот регион. Речиси во сите градови има недостиг од лекари. Во Велес и Кавадарци одат гинеколози и хирурзи од Скопје. За две години ќе нема кој да ги лекува и децата, бидејќи поради пензионирање ќе останат само 13 матични педијатри. Министерството за здравство направило мапа на кадарот со кој располагаат здравствените установи и според проекцијата, во наредните години во внатрешноста треба да бидат вработени 380 лекари. Најзагрозен е тетовскиот регион каде се потребни Околу 60 доктори, 40 во Битола и Штип и 25 во Струмица. Според специјалност, најмногу фалат анестезиолози, невролози, интернисти и хирурзи кои допрва треба да специјализираат за да ги пополнат испразнетите места. Од ЗПЛРМ велат дека без Закон за доктори нема да има и кадар во болниците.

-Не може без утврдена плата, коефициент и влез да бараш лекари и да ги мотивираш младите да останат тука и да работат во здравствениот систем, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ

Здравствените власти планираат во наредните години посебно со кадар да ги зајакнат клиничките болници во Битла, Тетово и Штип.

Доктори не фалат само во внатрешноста. Поради пензионирање или заминување во странство, недостиг од специјалисти има и во градската болница 8-ми септември како и на клиниките. Според направената мапа во Министерството за здравство, во скопските здсравствени установи има потреба од вработување на 150 лекари.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Кредитни продукти за ПЗУ
Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари