Германија бара 17 илјади здравствени работници

Заклучени амбуланти и операциони сали, болници без медицински сестри и специјалисти или пред пензионирање. Недостигот од лекари и друг медицински кадар веќе сериозно се чувствува во малите места. Лекарската фела алармира дека проблемот може да стане уште посериозен, откако се појавија информации дека Германија бара веднаш 17.000 здравствени работници во секторот нега, иако слободни места за вработување има многу повеќе

„Нашите колеги кои заминаа во Германија кажуваат дека од сам старт имаат 3.000 евра плата и веднаш се оценува кој во која област може да се пронајдат и за една година добиваат покана за специјализација“, вели Лилјана Чолакова Дервишова – Здружение на приватни лекари

Лекарите бараат Национална стратегија за планирање на кадарот во здравствениот систем. Привремено решение е вметнувањето во мрежата на специјалистите од приватните болници, што ќе овозможи и поголеми плати и мотивираност на младите да останат во државата

„Голем дел од овие млади луѓе овде ќе заминат доколку државата не превземе нешто – можност за младите да се стават во функција“, вели Жан Митрев – кардиохирург

Од здружението на приватни лекари велат дека потребно е да најде начин за стимулирање на лекарите, посебно во Источна Македонија. Платите во малите места се движат во просек од 20.000 денари, што е малку да ги стимулира постојните, а не да ги задржи младите. Предлагаат и намалување на годините за специјализација за оние гранки каде се чувствува сериозен недостиг.

„Затоа апелираме, ако се сме прифатиле во изминатите години од сите претходни министри, директори на фондови и секакви реформи, сметам дека е крајно време да се прифатат нашите барања за да останат докторите во Македонија“, вели Лилјана Чолакова Дервишова – Здружение на приватни лекари

Недостигот на лекари специјалисти веќе го чувствуаат и граѓаните. За некои прегледи и снимања се чека и по неколку месеци.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари