Светски ден на здравјето 2018

Почитувани доктори и здравствени соработници,

Здравството е еден од четирите основни столбови на секое друштво,заедно со судството,просветата и безбедноста на една држава.

Но со години трудот на здравствените работници и соработници не е вреднуван соодветно, па затоа ни се случува масовно иселување на здравствен кадар од државата.

Сите заедно мора единствено да кажеме стоп на преголемиот број на администрација која се вработува низ сите институции,на сметка на намалување на здравствените работници.Докторите со своите тимови се тие кои спасуваат и лекуваат човечки животи.

Здравјето на нашиот народ е најважно од се.
На оваа земја и се потребни квалитетни специјалисти,квалитетни апарати!
Од вкупниот буџет на државата се двои мал дел за здравство,тоа мора да се промени.
Докторите мора да имаат време за квалитетна едукација ,да следат нови методи на лекување и да ги применуваат во Република Македонија!

Само со здрав народ можеме да имаме здрава држава!

На сите Ви го честитам 7 Април – Денот на здравството, ден на здравјето!
Со почит до сите наши колеги, граѓани,пациенти,соработници и партнери!

Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари