Трошковник на едно ПЗУ

На последниот Управен одбор на ЗПЛРМ се донесе одлука повторно да го објавиме Трошковникот на едно ПЗУ, бидејќи сеуште има структури во нашава држава кои мислат дека Капитацијата е Плата. За да докажеме да не е така и да не се шират дезинформации-во прилог -Приходи -Расходи на едно ПЗУ со 2100 пациенти.

Приход 230 000 денари за 2 ТИМА доктор – сестра
Расходи-Плата за еден доктор 30000 ден плус персонален
Плата за втор доктор 26000 денари плус персонален
плата за една сестра 19000 ден плус персонален
плата за втора сестра 18000 ден плус персонален
струја 8000 ден
вода 1000 денари
книговодител 3000 ден
хигиеничар 3000
кирија 12000 денари или рата за кредит за простор
софтвер 7000 денари- годишно
телефон фиксен 3000
мобилен 6000 денари
фирмарина 6000 денари-годишно
регистрација на возило 6000 деанри-годишно
данок за објект 6000 -годишно
ампули 5000 денари
тонери 2400 деанри
хартија,регистратори,влошки за картони,картони, 1500 денари
средства за хигиена 3500 денари
бензин 6000 деанри
членување во ЛКМ 1200 +1440 ден-годишно
членување во ЗПЛРМ 1200 деанри
работилници ,семинари 1200 денари
Боца за кислород со замена на вентил 3600
ПП апарат редовна контрола 1500
фискална каса -превентивно одржување 3568 ден
повикување на програмер за помош околу компјутерски дефекти 1000 денари месечно
исплата на К15 за сите вработени 40000 денари-годишно
мантили,кломпи,пешкири,чаршафи.

На неколку години мора и набавка на нови компјутери,нови лиценци професионални,антивирус програми,набавка на принтери-често се расипуваат-не се создадени за оволку голем број на печатени рецепти и упати.
Плус ако некој отиде на боловање подолготрајно потребно е да си вработи медицинска сестра или доктор -што во првите 30 дена на боловањео е плус трошок ,кој не е мал.

Заклучок НИЕДЕН МАТИЧЕН ДОКТОР НЕМА ПЛАТА ОД 2000 евра.Јасно!

Во Источна Македонија бројот на жители е многу мал ,па колегите имаат и многу мала капитација а секојдневните трошкови се исти.

Просек за еден тим доктор сестра е 90 000 ден.

Со почит кон сите кои ќе се информираат.!

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари