Известување за имплементација на ЕЗК

Почитувани,

Фондот за здравствено осигурување на Македонија се наоѓа во фаза на имплементација на проектот за Електронска здравствена картичка (ЕЗК). Со овој проект, ЕЗК треба да добијат сите осигурени лица на територијата на Република Македонија. Со цел да ја забрзаме постапката за издавање на ЕЗК за категоријата осигуреници- пензионери Ве молиме во рамките на Вашите можности да ни излезете во пресрет и почнувајки од 17 октомври 2011 годинаи ни помогнете при дистрибуција, пополнување и прибирање на образецот БК, како и дополнителната документација потребна за издавање на ЕЗК. Фондот за здравствено осигурување со целосна доверба Вас ви се обраќа за помош бидејки избраните лекари се во честа и непосредна комуникација со оваа чувствителна категорија на осигуреници. Излегувајки во пресрет на ова барање на Фондот ќе го дадете Вашиот придонес за успешна реализација на проектот за СЕЗК. За таа цел Ве замолуваме да го информирате членството со достава и на процедурата и Образецот БК кои Ви ги доставувам во прилог.

1. Скенирано известување кое е доставено до Вашето здружение
2. Скенирана процедура за поднесување на барање за ЕЗК за пензионери
3. Образец БК

Известување до ЗПЛРМ

Процедура за поднесување на барање за ЕЗК за пензионери

Барање за пензионери

Коментари (11)

 

  1. epten revolt вели:

    AKO IMA NEKOJ KOLEGA DA PRODAVA AMPULI SO ROK =ADRENALIN , ILI DA ZNAE KADE IMA DA SE KUPAT , BI BIL BLAGODAREN. a ZA ezk N`MU A MISLAM , KOJ JA OSMILSIL NEKA MU K\JA MISLE. OVA E POSLEDNIO MOE OBRA;ANJE , BIDEJKI NIEDNO DOESEGA NE E OBJAVENO . DO ADM. NA IT NA ZPLRM. NO MORE !!!!!!!

  2. матичен лекар вели:

    Ве молам, Фондот за здравство не е наш работодавец- воопшто да не се залажуваме со такви глупости. Фондот за здравство е само наш деловен партер кон кого ние со договор се обврзуваме дека ќе пружиме здравствени услуги на неговите осигуреници. Фондот за здравство нема апсолутно никакво право од нас да бара да вршиме административни работи кои се однесуваат за неговите осигуреници и кои истиот тој Фонд ќе мора сам да се организира и да си ја заврши својата работа. Најмногу што би можел од нас да побара Фондот за здравство е евентуално да ги известиме нашите пациенти- негови осигуреници дека почнала акција за издавање ЕК и истите да ги испратиме на шалтерите во Фондот. Па ви се молам, само кај нас може да се очекува многу поскапата и поценета лекарска работа да се жртвува за проста административна работа која би можел да ја работи секој кој научил да чита и пишува.

  3. ЛЕКАРИТЕ ЈА ДОБИЈА БИТКАТА НЕ СЕ ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА.ОВА КОЛЕГИ ВИ Е ПОЗНАТО.А ШТО Е ОВА СЕГА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ.НЕ ЗНАМ ДАЛИ ОВА ИМА КРАЈ,УШТЕ НЕ СМЕ СВЕСНИ ШТО СЕ ЌЕ ДОЗИВЕЕМЕ ОД СТРАНА НА ФЗО СО НИВНО САМОВОЛИЕ.КРАЈ НА КРАЈ НЕ СЕ ОНИ КРИВИ САМИТЕ СМЕ КРИВИ.

  4. Biljana Ognjanova вели:

    Pocituvan dr.Geras!Ne se slozuvam so prikaznata za kosnicata!Nie sekogas sme pcelki rabotnicki,a trutovite kako i sekade ,uzivaat i si go gledaat seirot,a demek se najvazni vo opstanokot na sistemoy!Kako i sekogas ke si ja izvrsime zadackata besprekorno,zosto taka sme vospitani,vredno i predano ,bezpgovor da si rabotime!

  5. д-р. Лидија Ристовска вели:

    Мили колеги,
    Деновиве имав прилика да почувствувам што значи да заведуваш/одјавуваш пациенти во Подрачната служба. Неверојатно е колку и како се чека на вратата, во она мало ходниче, каде снема и струја, и каде само еден колега има привилегија да седи додека чека…Неколкупати овој месец се враќав поради големата гужва. Никој од нас навистина НЕМА ВРЕМЕ да чека, зошто сите сме ангажирани во своите ординации. Дали можеме да побараме проширување на персоналот кој ги заведува пациентите-да бидат повеќе луѓе, да нема толку долго чекање пред вратата??? Ве молам здружено да побараме некаква промена барем за овој проблем, која би била само од техничка природа-не суштествена. Поздрав

  6. d-r Marija вели:

    Ne gledam nikakov problem vo toa sto treba da im gi podelime obrascite na penzionerite.Popolnuvanjeto na istite ostanuva na dobra volja na doktorot,ne e zadolzitelno.
    Ne znam za kakvo kopiranje zboruvate koga tie se gotovi se podignuvaat od podracnite sluzbi.
    Da ne se panici bez veza i da ne se gleda stalno crno na site raboti.
    Pozdrav

  7. Maticen lekar вели:

    Imam edno prasanje. a sto da se pravi so starcite koi ne se penzioneri (06), a se zemjodelci (05), socijalna zastita (09) i ucestici vo NOV(08)?
    P.S. Rabotat vo selo, kade sto nema fotokopir… sega i licnite karti li da isfotokopiram na site, za da bide dokumentacijata kompletka?

  8. efkoski вели:

    ма немој молим те.
    па ајде и на шалтери поставете не бончиња да издаваме.
    што не излезе во пресрет фондот да ни исплати пари на време,кога имаме проблеми кај се да ни излезат во пресрет.
    па уште треба и да принтаме и објаснуваме она што препуканата од работа администрација што седи по дома или ниша врата/земи плата треба да го работи.
    мојата амбуланта најкултурно ќе ги препрати сите во ФЗОМ подрачна да си добијат и документација и појаснување што треба да се направи.

  9. Dr.Nikola Geras вели:

    Se e taka ubavo zamisleno i podredeno po tocki od koi nema otstapuvanje i se vo sluzba na FZO , pa i toa e OK ,na krajot na kraistata FZO e nasiot rabotodavec. A koga te zamoluva rabotodavecot 1 mesec pred podnesuvanje na baranjata za novi dogovori diskusija ne e potrebna .
    No za da mozeme da go dademe NASIOT pridones vo implementacijata na EZK treba nekoj da misli malku povece i na nas , za da mozeme da dademe treba i nam da ni bide nesto dadeno zatoa sto od davanje i davacki dusa vo nas ne ostana.
    Bi preporacal na nadleznite cuvari na parite da pripazat na aramiite a ne da kratat na rabotnicite.Besmislenite KAZNI ni od daleku ne se merka koja dava rezultat vo kavlitet na medot .Koga vo edna kosnica za med bi se unistuvale trutovite so tempo i nacin kako sto finansiski ne iscrpuva FZO , maticata ne ke moze ni dve jajca da snese , pcelite nema da imaat motiv da skladiraat mlec i med a trutovite tie izumiraat , so toa zgasnuva i kosnicata !

  10. koncesioner arhivar ( l ekar ) вели:

    Dobro Ako treba ke bideme i Arhivari , Postari , Pravni lica , ke popolnuvame Obrasci Samo neznam koj ke lekuva vo ovaa sezona na GRIP / E Ovoae e premnogu a kapitacija posle 60 , 90 …. i tn denovi . Mislam deka e vreme RAKOVODSTVOTO da se PROBUDE . Oni vo Fondot so 20 vraboteni na eden salter Tri meseci Rabotea na Kartickite za Nevrabotenite a nie Sami se ……

  11. lekar tetovo вели:

    sega site penzioneri ke baraat nie da gi popolnuvame obrascite i namesto da se bavime so pregledi nie ke se blokirame so administracija sto voopsto ne e nasa rabota. treba vreme za da se popolni eden takov obrazec

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари

Видео

Тагови