Писмо до министерот за здравство

До

Министерот за здравство на Р. Македонија,
д-р Арбен Таравари,

Почитуван колега и пријател г. Таравари,

Илјадници доктори ги имаат вперено очите во Вас со една единствена надеж дека на здравството во Република Македонија и лично на докторите ќе им се врати изгубеното достоинство и дигнитет во професионална и морална смисла. Со внесувањето на потребните измени, Вие и Владата ќе ја имате целосната поддршка на докторите и сите вработени во здравството.

Очекуваме да се случат овие промени и со тоа да се покаже дека Р. Македонија е земја каде што докторите и здравствените работници се почитуваат. ЗПЛРМ има долгогодишно искуство во приватното примарно здравство при избор на матичен лекар и околу терапевтските насоки при изборот на лекови. Верувам дека со овие измени кои ги предлагаме може да се дојде до една заедничка цел за подобрување на здравството.

Мислам дека Вие ќе бидете во можност да во еден задоволителен временски период ги направите овие промени. Еве неколку стратешки барања кои ќе придонесуат за подобрување на приватното примарно здравство:

1.Пациентите треба да се водат во евиденција на приватна здравствена установа (ПЗУ) а не на име на матичен лекар од причина што кога ќе си заминува вработен доктор од било кои причини од установата сите пациенти остануваат кај ПЗУ, односно кај новиот доктор кој ќе се вработи во истата установа. Со оваа се добива драгоцено време во едуцирањето на пациентите, што во спротивно (како што е досегашната пракса) би создало проблеми во пререгистрација на истите пациенти со нивна електронска картичка (проблемот со електронските картички е евидентен поради одредени проблеми, како што е оштетувањето, изгубените картички и др.) Со оваа се овозможува установата да нема дополнителни финансиски проблеми а истовремено докторите да имаат финансиска стабилност. Во овој случај пациентите би имале право на одјавување, односно ибор на матичен лекар според нивната желба (како и досегашните правила). Тоа би требало да се направи во првите 100 дена од владеењето на новата Влада за да се види дека навистина се води грижа за приватното здравство. Оваа измена нема фнансиски импликации за буџетот на Владата.

2.Лековите да се двојат на парче – зошто? Секој пациент треба да има месечна доза и терапија. Во овој случај ќе се намалува непотребната фреквентност кај матичен доктор, по аптеки… Со оваа сите лекови ќе се двојат на парче. Ова е пракса која се применува во многу земји во светот…

3.Покрај генеричкото име на рецептот треба да стои и фабричко име на самиот лек. Досегашната пракса покажала дека многу пациенти прават грешки со тоа што користат и аспирин и кардиопирин и андол или пак користат и скоприл и илизиноприл – што предизвикува фатални сосостојби кај пациентот. Само докторот знае кој лек му одговара на пациентот , а аптекарот треба да го испочитува пропишаниот лек од страна на лекарот.

4.Со електронскиот рецепт и упат-мора да се тргне хартијата, што досегашната пракса покажала дека само се создаваат деполнителни трошоци … ЗПЛРМ поддржува електронско здрваство во вистински смисол на зборот.

Куманово, 30 јуни 2017 год.

Д-р фатмир Асани,
Кординатор на ЗПЛРМ – Куманово и член на управен одбор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари