Активности на ЕЦПД од областа на Здравствените и Медицинските науки во 2017. година

Почитувани,

ЕВРОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА МИР И РАЗВОЈ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА МИР ОСНОВАН ОД ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (ЕЦПД), меѓународна образовна и истражувачка организација од академскиот систем на УН, во рамките на ЕЦПД Меѓународната програма за трансфер на системот на знаење организира Меѓународни постдипломски студии на специјалистичко, магистерско и докторско ниво од областа Здравствениот менаџмент, Семејната медицина и Геронтолошкото здравство како и цертифицирани програми, семинари, конференции, научни собири од области кои вклучуваат: реформи во здравството, болнички менаџмент, менаџмент на квалитетот на здравствената нега, болести на зависност, спортска медицина, традиционална медицина и други области на изучувања што се сметаат за неопходни, наменети за сите специјалисти од различни профили: лекари, педагози, психолози, правници, социјални работници и други стручни лица, во соработка со угледни професори и регионални и меѓународни универзитети и академски институции во Европа, САД, Канада и Јапонија.

Нашите активности од областа на Здравствените и Медицинските науки во 2017. година, по редоследот на нивното одржување се:

1. ЕЦПД СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СЕМИНАР
ЛАСЕРОТЕРАПИЈА
(Белград, 3 и 4 Февруари 2017.)

2. ЕЦПД МЕЃУНАРОДНА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКА ШКОЛА
ТРАДИЦИОНАЛНА МЕДИЦИНА И АКУПУНКТУРА
(Белград, 15 Мај – 09 Јуни 2017.)

3. IX ЕЦПД МЕЃУНАРОДНА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКА ШКОЛА
СОВРЕМЕНИТЕ ДОСТИГНУВАЊА ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА, ЛЕЧЕЊЕТО И РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА БОЛЕСТИТЕ НА ЗАВИСНОСТ
СО ГЛАВНА ТЕМА
БОЛЕСТИТЕ НА ЗАВИСНОСТ – РАБОТА ВО ЗАЕДНИЦАТА
(Котор 2. – 4. Јуни 2017.)

4. ECPD МЕЃУНАРОДНА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКА ШКОЛА
ЗА СПОРТСКА МЕДИЦИНА
(Хотел “Сплендид“ Бечичи, 5. – 9. Јуни 2017.)

5. VIII ЕЦПД МЕЃУНАРОДНА ЛЕТНА ШКОЛА
ПРОМОЦИЈА И ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ
СО ГЛАВНА ТЕМА
РЕПРОДУКТИВНОТО ЗДРАВЈЕ И ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ – ПРЕДИЗВИЦИ И ПРИОРИТЕТИ
(Хотел “Сплендид“ Бечичи, 26. – 30. Јуни 2017.)

6. IX ЕЦПД МЕЃУНАРОДНА ЛЕТНА ШКОЛА
ЗА КАРДИОВАСКУЛАРНИ БОЛЕСТИ
СО ГЛАВНА ТЕМА
ПРЕВЕНЦИЈА, ДИЈАГНОСТИКА И ТРЕТМАН НА КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ БОЛЕСТИ
(Опатија, 26-30. Јуни 2017.)

7. XXII ЕЦПД МЕЃУНАРОДНА ЛЕТНА ШКОЛА
МЕНАЏМЕНТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
СО ГЛАВНА ТЕМА
ПРОФЕСИОНАЛНИОТ МЕНАЏМЕНТ, КЛУЧ ЗА ОДРЖЛИВА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
(Хотел “Сплендид“ Бечичи, 26. – 30. Јуни 2017.)

8. ЕЦПД МЕЃУНАРОДНА СПЕЦИЈАЛИСТИЧКА ШКОЛА
ЕКСПЕРТИЗНА МЕДИЦИНА
(Хотел “Сплендид“ Бечичи, 28. – 30. Јуни 2017.)

9. IV ЕЦПД РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФАРМАКОЕКОНОМИЈА
СО ГЛАВНА ТЕМА
УПРАВУВАЊЕ, ФИНАНСИРАЊЕ И НАБАВКИ ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО
(Опатија, 29. – 30. Септември 2017.)

10. СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА ИНТЕГРАТИВНИОТ – ХОЛИСТИЧКИ ПРИСТАП КОН ЗДРАВЈЕТО

Ви стоиме на располагање за сите дополнителни информации.

Со почит,

ЕЦПД Регионален институт за развојни студии
Елизабета С.Зафировска
Железничка 30, 1000 Скопје
071 908 630

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари