И 30-годишници пијат лекови за притисок

ЗОШТО ПИЕМЕ СЕ ПОВЕЌЕ МЕДИKАМЕНТИ?

И млади лица – 30-годишници се ставаат на задолжителна терапија за намалување на крвниот притисок, но им се препишуваат и лекови за срцеви и други заболувања – потврдуваат матичните лекари по обелоденувањето на најновиот извештај на Фондот за здравство за зголемената потрошувачка на лекови во минатата година, но и од јануари до април годинава.

Фондовската анализа покажува дека биле препишани за 9 отсто повеќе лекови за срцеви заболувања, а за 14 отсто повеќе антидепресиви.

Главната причина зошто се` повеќе голтаме апчиња е – стареење на населението, но особено загрижува што се намалува и старосната граница кај пациентите што мора да примаат терапија за срцеви, респираторни и за други заболувања. Лекарите велат дека на зголемената употреба на лекови влијаат и кампањите што се организираат, а со кои се зголемува свеста кај населението.

Со лекови и против маснотии во крв

Првите три најпродавани лека по износите од здравствената каса се: аторвастатин – лек за намалување на маснотии во крвта, тамсулосин – лек за простата, салметерол + флутицасоне – лек за респираторен систем, против астма и ХОББ. Освен овие, во првите десет најкористени лека се и препарати за дијабетес, ревма, желудник и бактериски инфекции. Од Здружението на приватни лекари на РМ појаснуваат зошто и кај нас е се` поприсутен овој тренд.

– Постојат неколку причини за зголемено препишување лекови – населението старее, па со годините се` повеќе се зголемува бројот на хроничните заболувања – животниот век е продолжен, но бидејќи повеќе органи откажуваат, неопходна е редовна терапија – пред се`, за кардиоваскуларниот систем, за намалување на зголемениот крвен притисок и маснотиите во крвта за подобрување на циркулацијата, како и за хронични заболувања на дишните патишта. Забележуваме дека, за жал, се намалува и старосната граница – најмладиот пациент е веќе под 30 години, а еден од нив дури и почина лани – тој нагло се поправи, имаше нервози, многу пушеше и, иако беше под терапија – организмот не издржа! – вели д-р Лили Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението. < Таа предупредува дека и покрај задолжителната терапија, речиси сите пациенти што пушат не сакаат да се откажат од штетната навика иако повеќето се свесни дека здравјето им е загрозено. - Има пациенти-хронични болни, кои иако доаѓаат секој месец за рецепти, пушат и по две кутии цигари на ден. Ми велат - дајте ми докторка тоа што следува, ако треба и поголема доза, јас не се откажувам од цигарите. На зголеменото препишување лекови секако влијаат и недвижењето и лошата исхрана - додава д-р Чолакова. Се` повеќе мажи на терапија за зголемена простата А уролозите појаснуваат зошто втор најбаран е лекот за простата. -Тоа е лек за бенигна хиперплазија на простата - заболување што секој маж може да го има, бидејќи со зголемување на оваа жлезда (органот) и со намалување на функцијата на тестисите (помалку тестостерон) се зголемува простата. Лекот се дава за да ги намали проблемите што тие пациенти ги имаат со мокрењето - за да се намали волуменот на простата и да не заостанува урината во мочниот меур, која може да предизвика инфекции со сите компликации - вели прим д-р Михаил Пенев, директор на Kлиниката за урологија. Симптомите за кои мажите треба да се јават на преглед се тенок млaз на урина, често мокрење - особено ноќно, па мажите стануваат и неколкупати. - По направени анализи со кои се исклучува малигно заболување, се даваат лекови, кои по составот се алфа-блокери. Забележуваме дека оваа состојба е во пораст кај мажите. Можеби и по оваа кампања мажите сега почнаа почесто да се јавуваат на прегледи. Апсолутно е подобро да примаат терапија со која се лекува, отколку да мора да се оперираат. Бидејќи ако не се интервенира, се зголемува простата, отежнато е мокрењето, па мора да се постави катетер и пациентот ќе мора да се оперира - нагласува д-р Пенев. Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари