Попуст во KIA MOTORS за членовите на ЗПЛРМ

До

Здружение на приватни лекари

Во Макединија

Г-ѓа Лилија Чолакова Дервишова

Предмет:

Понуда

Почитувани,

Согласно телефонскиот разговор, во врска со цени-попусти за членови на Вашето здружение, за возилата од програмата на KIA,  Киа Моторс Мацедониа како директен застапник на KIA MOTORS во Македонија е спремна и волна за соработка.

Имено  Киа Моторс Мацедониа за секој член на вашето здружение е спремна да даде попуст од официалните цени на ценовниците. Тој попуст изнесува од 3-7% во зависност од типот на избраното возило. Се разбира тој процент може да биде и поголем доколку некое возило е во кампања. Тоа значи дека доколку некое од нашите возила е во кампања со попуст, Вашите членови би го добиле тој попуст, а екстра на тоа би добиле и екстра процентуален попуст.

Исто така, можеме да Ви понудиме исти услови и за возилата од програмата на DAIHATSU ( Terios I Sirion ).

Од причина што во оваа наша понуда не сме во можност попрецизно да Ви ги образложиме попустите Ве покануваме во нашиот салон на ул.Перо Наков бб. Во Скопје да ова кратко објаснување Ви го образложиме од причина што ние Ви нудиме осум типа на возила со цени од 7000 до 35000 евра.

Се надеваме на блиска средба со Вас.

Во надеж за соработка Ве поздравуваме.

Со почит,

А.Миленковска

Бренд Менаџер КММ

Сите цени и модели на КИА можете да ги видите на нашиот сајт www.kiamotors.com.mk ( не е внесен само ценовникот за VENGA- услови за продажба , кој во прилог Ви го доставувам

VENGA 11MY-01.07.2010

Екстра попустот можете да го добиете само во салонот на КММ во Скопје на ул.Перо Наков бб.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари