Соопштение бр.18
На ден 26.09.2010 година дел од претседателството имаа договорено средба со колегите од Куманово во 12 часот и во Крива Паланка во 15 часот.
Во Куманово имаше одлична организација од Др Стоје Стојмановски и колешката Др Зорица Јовановска. И овде одзивот беше максимален.
Состанокот се одржа во Хотел Лав.На овој состанок претходеше состанок на управниот одбор на ЗПЛРМ на кој требаше да решиме дали ќе се реагира за намалувањето на бодот, бидејќи за неколку дена ќе истечат 6 месеци антикризни мерки.
Сите делегати кажаа да мора да се рагира бидејќи тоа го бара базата на доктори.
Се состави текст и се донесе одлука да оди на цела страна и во Дневник и Време.
На ден 28.о9.2010 ФЗОМ требаше да има Управен одбор и под точка два да се дискутира за бодот.Но оваа точка се помести за неколку дена.