Честит ден на семејниот доктор!

Почитувани колеги,

Би сакала да Ви го честитам денот на семејниот доктор, на сите матични доктори кои се грижат за сето население во РМ.

Вие сте најважниот столб на една држава.

Вие докажавте дека сте најспособните и дека имате капацитет да се справите со сите проекти на сите Влади од 1992 до сега.

Вие докажавте и покажавте висока свест, креативност и ентузијазам, но пред се голема професионалност во Вашето работење.

Но покрај се, на сите нас ни изгледа како да сме заборавени од системот бидејќи нашите суштински барања се маргинализирани.

23 години само приватниот сектор добива исплата за својот труд со каснење од неколку месеци.

Казнената политика мора да се намали за да ги сочуваме матичните доктори.

Покачување на бод мора да се случи за да можеме да држиме чекор со времето и давачките кои ги бара државата.
Пациентите мора да се на ПЗУ, бидејќи нема логика ако си замине вработен, финансиски да пропаѓа квалитетниот доктор сопственик.

Зголемување на буџетите на приватните секундарци.За да можат да набават квалитетни апарати за да се прегледуваат нашите граѓани.

Само неколку моменти да се променат ќе имаме задоволни доктори кои сами ќе можат да одлучуваат во кој правец професионално ќе се надоградуваат.

Имајте среќен и пријатен ден!

ЗА КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО!
ЗА ЗАДОВОЛНИ ДОКТОРИ И ЗАДОВОЛНИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ!
ЗА ЗАДОВОЛНИ ПАЦИЕНТИ!

Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари