Потсетување за членарина

Поминати се пет месеци од оваа година а членарина имаат платено околу 100 колеги за оваа година.

Апелирам на Вашата свест да сите членови треба да си ја изрегулираат истата за оваа година.На сајтот има преку 6 000 посети месечно, се информира масовно целото членство, се плаќаат патни трошкови за членовите на управен одбор за да бидат стимулирани да одат на состаноци. Времето што го трошат во интерес на сите колеги нема цена. Се направи и работолница со Директорката на Фондот Г-ѓа Маја Парнаџиева Змејкова и со голем број претставници од градови од Македонија.Се дискутираше за многу теми и се разрешија повеќе тековни проблеми.

Управниот одбор прави редовни средби секој месец и континуирано се информира целата докторска фела. Апелирам на Вашата свест. Од септември повторно ќе се минува по градови за да се разговара за тековните проблеми во секој град.

Со почит
Управен одбор на ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари