Извештај од состанок на Управен Одбор на ЗПЛРМ 29.05.2011

На ден 29.05.2011 Управниот одбор на ЗПЛРМ одржа состанок со следниот дневен ред:

1.Информација за одговорот од Фондот за здравство во врска со нашите барања
2.Презентација на проблеми по градови и нудење на нивни решенија
3.Бирање на теми за кои ќе се разговара на работилницата која е договорена со Директорката Маја-за тековни проблеми
4.Правење на кол центар-предлог-се поголем број на колеги бараат информациите да ги добиваат на својот мејл
5.Договарање за собрание
6.Барање на спонзори од фармацевтските куќи
7.Разно

Дневниот ред беше едногласно прифатен од сите присутни

На состанокот присутсутвуваше и претставник од болницата Филип Втори.

Претседателот на ЗПЛРМ, Др Лилија ги информираше присутните за добиениот одговор од Фондот во врска со барањето за зголемување на нашиот буџет за препишани лекови.Фондот одговори дека нема потреба од промена на сумата по капитација.

Доставивме и список на лекови кои се за хронична терапија како што се спрејовите Симбикорт,Серетиде, Дутастериде, Тамсулосин ,за лекови кои се симнати од болничка листа на понизок режим,Бонвива Фосамакс –да се стават на Л Листа.Одговорот од страна на Фондот беше дека не сме доставиле список за време на преговори.Од Страна на ЛК беше доставено.

Друго барање беше да за време на епидемија ни се намалат целите,бидејќи дежураме,работиме-повторно одговорот беше дека нема потреба.

По втората точка за проблеми по градови со писмени барања од одржани состаноци со членството имаа само од Велес и од Струмица.

Предлози од Велес што треба да се промени

1.ЗПЛРМ има страница преку која ги информира сите колеги за сите промени поврзани со здравството.Сајтот е www.zplrm.mk. На овој сајт идат информации од Министерство за здравство,Фонд за здравство,Проектна,Семејна медицина ,софтверски компании и др.Се е поголем бројот на доктори кои сакаат да ги добиваат информациите на нивните лични мејлови.До сега немало таков начин на информирање,но бидејки сме сега 21 век тоа треба да е бенефит за сите.До сега ниедна институција ги нема сите мејлови на сите доктори. Но сега може да се земат од УЈП и да се групираат по градови и по специјалности и тоа софтверски да се реши.Со еден клик информацијата да стаса до соодветната цел.Создавање на кол центар.

2.Превенција-матичните доктори сега добиваат 30 посто од парите како надокнада за извршена превенција.Но прашање е дали броење на рецепти ,упати и боледувања е превенција.Мојата свест ми налага да кажам да многу енергија треба да се вложи во здравствената едукација на секоја единка од државата.Младите ни пијат,пушат,се дрогираат и проституираат од 13 година на својот живот.Не може да биде квалитетна превенцијата ако само еднаш годишно некој направил трибина со генерацијата.Мора да има задолжителни интерактивни средби доктори со ученици од основно образование и тоа многу чести.Да ја промениме свеста пред да почнат да прават негативни дејанија и да можат да препознаат што е лошо ,но и да ги запознаеме каде и каков е крајот.

Младината мора да се тргне од компјутерите,кафиќите и да ја натераме да има некоја цел.Сите се во некоја апатија.Да се вратат работните акции-каде младите ке пошумуваат,градат канали за наводнување и се што треба за државата.Сега сите млади живеат во некој виртуелен свет.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО+ФОНД ЗА ЗДРАВСТВО+МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛА + МАТИЧНИ ДОКТОРИ еднакво на ПРОМЕНИ НА НИВО НА ДРЖАВА, ПРОМЕНА НА СВЕСТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ

3.Семејно насилство-да се едуцираат од мали децата што е добро а што лошо.Мора да ги научиме да препознаат Педофил или сексуален манијак.Тепаните жени ни се секојдневие во нашите амбуланти и за нив треба време да ги сослушаме и смириме.Мора да има прифатилишта во секој град и да работат 24 часа.Ако останат без работа, мора да им се најде под итно, за да не се вратат кај сопрузите кои на првата пијачка пак ќе ја претепаат.

4.Центрите за труд и социјала мора да имаат дежурни служби 24 часа.

5.Фондот за здравство мора да има дежурна служба за сини картони.Попладне,празници.

6.Ако во некои градови здравствените домови бараат да им работат матичните доктори тогаш мора да се либерализира да и на еден матичен доктор кога му треба за неколку дена замена-на пример да оди на Конгрес или нешто друго да може да си викне колега од јавно или приватно здравство да му работи во ординација.Така пациентите нема да се шетаат до замената.

7.Селски амбуланти-има села каде само стари се останати и нема наталитет.Ке дојде време тие доктори да неможат да си ги покријат своите трошкови. Мора да ги стимулира државата за да останат таму.А не да одат за Словенија.Постоењето на доктор во било кое село е богатство и жителите осеќаат сигурност кога тој е таму.Ако нема доктор нема школо и така ќе ни изумрат селата.Мора да се повратат во живот.Да има луѓе,да има услови за работа,да има наталитет па да има работа и за доктори.Се е поврзано.Најважно од се е да се направи да граѓаните станат богати-само тогаш државата ќе ни биде богата.

8.Концесионери –многу од колегите веќе вложија во тие амбуланти.Мора да се средат тоалетите ,чекалните,заедничките простори.Тие колеги плаќаат кирија а до сега ништо не е вложено во одржување.Во една ординација некогаш се регистрирани и две фирми, да се дозволи тој што ќе оди во пензија да си вработи некој во својата фирма,а не да се гаси.

9.Семејна медицина-ако нема разлика помеѓу матичен доктор и семеен специјалист тогаш ќе пропадне проектот.Мора да се знае која е работата на идниот семеен доктор ОСНОВЕН ПАКЕТ НА УСЛУГА.Дали ќе пушта интаартикуларни инекции,дали ке прави сутура,специјалистички режим на препишување на лекови дали ќе може да прави ехо на дојка,тиреоидеја или абдомен.Во светот тоа е курс.И така нема да има гужва на Клиника..Министерството не може да прави проекти а да не се знае однапред на кој што му е обврска и должност.Која ќе биде капитацијата кај семејниот доктор.

10.Електронска картица-Бараме Министерство да ни гаратнтира писмено да ќе ја плаќа програмата и нејзиното одржување понатаму или да ни ја каже цената на истото.Мора да ја знаеме пред се да почне. НАПИСМЕНО.Штом тоа е проект на Влада и истиот бара да имаме windows koj кошта 9000 денари и копјутери кои мора да се добри со 1 гига или 2 гига меморија-тоа е огромен трошок.Не може ништо да не покрие.Барав да се даде интерфејс на сегашните програми –но се одби.Ќе заштедевме време за едукации ,пари за компјутери и лиценци.Очекувам Министерството за здравство барем малку да ги помогне докторите.Замислете една мала поликлиника има 7 компјутери колку пари се тоа за лиценци и обновување.

11.Склучување на анекс на договори мора да биде во рок од 5 дена.Не смее да се дозволи тоа да биде 22 дена.

12.Буџетот за рецепти мора да биде на ПЗУ или да го нема.Овака замената која секогаш има помалку пациенти а го заменува докторот е секогаш казнета.А за што –дали што направила многу услуги,не вратила никого ,препишала соодветна терапија од специјалисти,болница.Во ниедна свесна земја овакви работи не треба да има.Тој доктор работел и пружал услуги.И сите се задоволни –на крајот тој е казнет финансиски.

13.Во најголем број на случаите во ПЗУ-ата каде има двајца или тројца доктори едниот е сопственик и работи со години и сите пациенти идат по него. Другите се вработени и многу често си одат се селат.Сопственикот за да добие цела капитација ги запишува матични на вработените доктори и кога си оди тој доктор ,пациентите се бришат.Во овие случаи сопственикот многу губи додека да ги викне да дојдат за да се потпишат.Овде треба нешто да се смени.

14.Партиципација –остана како барање.Минимална нека е ,но ќе стави ред и ќе остане време да функционираме понормално.За кај гинеколози и сите други матични.За на фризер се закажува,сите фризерки работат од 10 часот наутро и на секое одење не се излегува без да платам најмалку 250 денари.Каде сме ние што студиравме 6 години и уште специјализираме и учиме цел живот.Отвараме од 7 наутро,работиме до 9 навечер,сите не брзаат и не работиме со закажување.

15.Во Законот за здравствена заштита има начело-здравството е непрофитабилна дејност.ОВА Е НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА ВО ТОЈ ЗАКОН.ЗАТОА НИ ПРОПАДНА ДРЖАВНОТО ЗДРАВСТВО А АКО ПРОДОЛЖИ ОВАКА И ПРИВАТНОТО.Треба да е профитабилно.Еден доктор треба да заработи за да може да направи убава амбуланта за пациентите,да има пари да оди на семинар и да може да купи апаратура,да ја обнови ако се расипе,а не да се моли по фармацевтските куќи да му платат-многу мизерно-да вработи дома луѓе да му помагаат ,а тој да може да биде ДОКТОР-да учествува во креирање на здравствената политика.

16.КАПИТАЦИОНИОТ БОД МОРА ДА РАСТЕ ПРОГРЕСИВНО И ПРОПОРЦИОНАЛНО СО СИТЕ ТРОШКОВИ КОИ СЕ ПОЈАВУВААТ СО ТЕКОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО.Не смее да се случи пак 10 години да не мрдне од место.

16.Во една држава сите закони и правилници треба да се прават за да има задоволни граѓани и доктори.

17.Кај специјалистите мора да им се исплаќа по извршена работа.Кога ќе биде електронската картица нема да има промашување.

18.Гинеколозите да се стимулираат за водење грижа кај трудници или правење превенции секоја година.

Предлози од Струмица

-договорот со ФЗО да се применува подеднакво во сите подрачни служби

-пакет услуги

-партиципација

-трета замена

-пасивни пациенти

-рок за анекс договор од неколку дена

-исфрлање амбулантски дневници

-финансиска помош и обука за ЕЗК

-прифаќање рачно пишани рецепти по 07 месец, во случај на технички проблем

-признавање на еден специјалистички упат за една ДГ во тек на еден месец

-пријава одјава на пациент при промена на град да се врши во ФЗО по автоматизам

-пресметка за сите градови да биде една-како што е фактурата

-ФЗО да го побие ставот кај лекарите од јавно здравство дека осигурениците се сопственост на приватните лекари

-ФЗО да го побие ставот дека избраните лекари се повеќе платени од лекарите во јавно здравство(кога се искажуваат бројки,нека биде паралелно за сите, а не само за приватните лекари)

Од предлозите кои ги изнесоа колегите и ги доставија во пишана форма присутните колеги развија дискусија кои теми би можеле да бидат теми и за на работилницата.

Др Ванчо кажа дека навистина нешто треба да се промени со превенцијата и пак да се бара како лани да има исплата 80% со 20 % цели.Присутната гостинка од Филип Втори кажа да нивен најголем проблем е што немаат факсимил од Фондот и дека не им важат препораките за се.Мора заеднички нешто да промениме.Или да се најде техничко решение или да се промени здравствениот систем со дополнително здравство.

Др Стоје кажа дека мора да се подржиме и да бидеме единствени бидејќи постои опасност големите болници да отидат во Стопански Комори и така да се намали јачината на ЛК а и нашето здружение тогаш нема да има членови од сите три нивоа на здравството.Др Биљана пак дискутираше за ставови на ЛК да мора информациите да течат и од Зружение кон Комора и обратно.Но, Др Даскаловски кој воедно е и претседател на собрание на ЛК смета да тоа не требало да биде така.

Други теми за кои ќе се разговара на работилницата е за новиот критериум за боледување,за руралните амбуланти,за дежурствата во Куманово и Струмица,Берово.За режим на препишување на лекови,печатење на рецепти и во кој случај ќе има исклучоци,за лаборатории,гинеколози,педијатри и др тековни проблеми.

Точката Правење на кол центар

Се поголем број на колеги бараат да имаат информација на нивниот личен мејл.Заради тоа ќе се направи софтверско решение со кое ќе се исполнат барањата на колегите.Така да со едно кликање се испрати информација на цел град.Потребно е координаторите да ги достават сите мејлови на колегите по градови.
Доставени се барања за спонзорства до неколку фармацевтски куќи –се чекаат одговори

Под точка разно

Министерството информираше дека се пристигнати читачите за примарно здравство и го известија претседателот дека треба координаторите по градови да си направат организирано подигнување.Тука се разви дискусија дека треба повторно да се обноват барањата до Министерство, дека треба истото написмено да ни гарантира за одржувањето на програмата и барем нешто да покрие од трошокот или лиценци или компјутер.Тие барања ќе се обноват во многу скоро време.

Коментари (1)

 

  1. Dr Панче Арсов напиша:

    Мошне интересна дискусија.Но мојот предлог е да се состови убаво оформен записник, уредно да се дефинираат барањата , да се дефинираат по степен на важност и приоритет.
    На пример најголем приоритет треба да има промена на Законот за државни службеници задота што на сите приватни доктори и концесионери треба да им е јасно дека и тие паѓаат под удар на овој Закон,
    Имам забалешка дека малку се говори за проблемите кои ги имаат специјалисти под договор со ФЗО особено окулу висина на буџети и број на остварувања по пакети.
    Сега го пишувам ова додека сум на работно место, но ќе одвојам повеќе време , па накнадно ќе испратам забелешки.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари