Здравствените книшки во пензија в година

Веќе од в година граѓаните нема да мора да ги носат здравствените книшки кога одат на лекар, најавуваат од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека 90 отсто од подготовките за примената на електронските картички се веќе завршени со што тие ќе можат да се употребуваат без проблеми.

Последниве месеци дел од граѓаните реагираат зошто с` уште мора да носат и здравствена книшка и електронска картичка кога одат на лекар во ситуација кога и кај матичните лекари се воведува само електронска евиденција.

– Во една аптека ми бараат и книшка и картичка за да земам лек на рецепт, а во друга не ми побараа. Зошто да носиме толкави книшки со нас ако ги воведоа картичките како доказ и за платено осигурување и за други податоци? Ако веќе со електронскиот систем се поедноставува работата и на матичните лекари, каде што слушаме дека се исфрлува работењето со хартија, туку евиденцијата, упатите и рецептите ќе бидат комплетно само електронски, зошто сепак ни е потребна и книшката како документ? Сигурно не за сите околу мене да знаат дека одам на лекар – реагира скопјанката Марија Ивановска.

Пожелно е да се носат

Од Здружението на приватните лекари на РМ објаснуваат дека с` уште е попожелно пациентите да ги носат книшките да се носат кај матичен лекар зашто на секој пациент на здравствената книшка има број на картонот кој веднаш се гледа.

– За комплетно да се исфрлат од употреба книшките и за да функционираме и без нив, с` уште здравствената електронска картичка ги нема сите неопходни моменти – вели д-р Лили Чолакова -Дервишова, претседателка на Здружението.

Таа додава дека и на последната средба со министерот за здравство, Никола Тодоров, тие побарале да се тргне сета хартиена евиденција од ординациите кога веќе имаме електронско здравство.

– Зошто с` уште да печатиме упати и рецепти кога имаме таков систем, а на секој рецепт има код и сите упати имаат шифра? Има држави каде што пациентите воопшто не носат хартиени документи со себе, а има пристап во системот. На барањето имавме позитивен фидбек од министерот,кој се согласи дека тоа секако ќе биде предност, а дека работна група веќе работи на тоа прашање. Здравствениот систем треба во тој правец да се движи зашто така ќе имаме повеќе време за пациентите, а токму тоа е суштината на системот – да има повеќе време за нив, а системот да н` заштитува од евентуално правење грешки. На пример, токму системот треба да н` информира дека на некој пациент сме му препишале три лека, а тој ги подигнал во аптека, а не лекарот да проверува тоа што системот е должен да го прави – појаснува д-р Чолакова.

Најважен дигитален потпис

На прашањето кога книшките ќе станат непотребни за преглед и што недостига за комплетно да се поврзе системот, надлежните во Министерството за здравство наведуваат дека системот на големо се подготвува?

– Технички гледано, тоа може брзо да се направи зашто веќе 90 отсто од евиденцијата се води електронски – при упатување, при издавање рецепти за лекови… Електронски е можно и рецепти и упати да се реализираат, има и електронско заведување документи. Сета оваа работа моментално ја тестираме и сме веќе во фаза на тестирање на електронско-дигитално потпишување. Ја развиваме токму методологијата за дигитален потпис на медицинската документација и на електронските упати и рецепти – вели Милан Аризанкоски, координатор на системот „Мој термин“.

Тој додава дека кога тоа ќе биде завршено, тогаш с` ќе оди поедноставно.

– Тогаш, кога некој ќе појде со картичка на матичен лекар, по прегледот и овој лекар, како и специјалистот дигитално ќе се потпише и тогаш веќе нема да има потреба од здравствена книшка. Тоа го планираме да заживее в година, сега ја утврдуваме методологијата – наведува Аризанкоски.

Љубица Балабан

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари