Настан по повод 7-ми Април, Светскиот ден на здравјето

На ден 07.04.2011-та година, ЗПЛРМ по повод Светскиот ден на здравството организираше настан на Велешко езеро на кој се разговараше за нашите проблеми и за нашите идни правци кон кои треба да се движиме.

Воведен збор зема Др Лилија Чолакова Дервишова. Беа поздравени сите присутни претставници по градови и региони. Се кажа дека многу револуционерни настани започнале од Велес – првата приватна ординација, здружението е основано во истиот град.Првата Гимназија на Балканот,како и првиот весник бр 1 на Нова Македонија. Добро би било од овој ден да почнеме со пишување на нови страници на комуникација со Министерство,Фонд и нови начела за однесување на нашите пациенти кон докторите.

Др Лилија упати апел за единство во докторската фела независно дали се работи за колеги од јавно или приватно здравство,примарно,секундарно или терцијално здравство.И најважниот момент, како да се изнајдат механизми за да се стопира појавата на масовно иселување на наши граѓани од Македонија.

Наше најголемо богатство се нашите осигуреници без кои нема да имаме квалитетен здравствен систем. Добро би било кога оваа наша држава би направила напори и би создала услови да се вратат тие кои се заминати. Со посетите низ Македонија е увидено дека досегашните креатори на здравствената политика истата ја воделе многу лошо во изминатите децении.

Фали кадар од гинеколози,уролози,микробиолози,рентген техничари.Мора да има една институција која ќе води сметка за правилно распределување на здравствениот кадар низ Македонија.И на крај од својата изјава, Др Лилија кажа да Здравјето е најскапо од се.

После тоа дискутираше Др Влатко Симоновски Потпретседател за секундарно здравство во ЗПЛРМ. На присутните им кажа дека ЗПЛРМ е многу активно здружение,превентивно настапува за сите проблеми единствено за примарно и секундарно здравство.Треба да се продолжи со поставување нови начела и принципи и нови теми кон релевантните институции кои се занимаваат со креирање на здравствената политика.

Следен дискутант беше Претседателот на комисијата за приватно здравство во ЛК Др Ванчо Апостоловски од Кочани. Тој даде мала хронологија на настаните од пред 5 години кога колегите концесионери станаа приватни доктори. Со тоа се зголеми бројката на членови во ЗПЛРМ но и бројот на доктори делегати во собранието во ЛК. Се инкорпорирале во комисиите на истата и со тоа доминацијата на проблемите од приватно здравство и нивното решавање оди преку легитимниот претставник на докторите – Лекарската Комора.

На крајот, последен дискутант беше Др Милорад Ристески Гинеколог. Најголем осврт даде за казните кај докторите.Тој е претставник во комисијата за казни во Фондот за примарно здравство.

Присутни беа и следните медиуми: Телма,Здравкин,новинар на Дневник,Градоначалникот на град Велес и претставниците на Фондот.На крајот се дадоа изјави од страна на Др Лилија и Др Милорад.Најважно од се е да се промовира нашето здружение и да сме присутни во етерот и медиумите со нашите ставови и размислувања.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари