Говор на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Зејкова по повод Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици

Почитувани дами и господа,

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани претставници на здравствениот сектор,

Чест и задоволство ми е што денес присуствувам на овој значаен настан по повод одбележувањето на Европскиот ден за рационалната употреба на антибиотици.

Слика 1

Познато е дека користењето на лекови се зголемува и претставува глобален проблем. Неконтролираната употреба на антибиотиците на светско ниво го отежнува или оневозможува лекувањето на инфекции и болести предизвикани од бактерии.

Слика 2

Фондот за здравствено осигурување, свесен за неопходноста од рационално користење на лековите, прави големи напори и се ангажира на најдобар можен начин да се обезбеди рационална употреба на лековите: пациентите да добиваат лекови соодветни на нивните клинички потреби, во дози кои ги исполнуваат нивните индивидуални барања, за соодветен временски период и по најниска цена за нив и заедницата. Со тоа го заштитуваме здравјето на осигурениците, но и финансиските средства со кои располагаме и кои се помали од потребите.

Во стратегијата на Фондот за следните две години си зададовме нови цели и нови задачи со осврт и на лековите и на информациите потребни за нивна правилна, ефикасна и безбедна употреба. Во таа насока продолжуваме и со проверки на примената на протоколите за лекување кои треба да обезбедат подеднаков пристап и квалитет во лекувањето секаде во нашата држава и подеднакво за сите граѓани.

Фондот за здравствено осигурување во изминативе пет години успеа, со јасна цел и заложби во врска со лековите и нивните референтни цени, да го зголеми снабдувањето на нашите осигуреници со лекови на рецепт од позитивната листа за70%, притоа без дефицит на лекови во аптеките. Ќе се согласите дека снабдувањето со лекови никогаш не било на толку високо ниво како што е сега. Фондот издвојува околу две милијарди денари годишно за лекови на рецепт преку аптеките во примарната здравствена заштита. Од тие средства околу 17% се трошатза антибиотици.

Би сакала да укажам дека според нашите податоци и анализи од 2008 година до 2012 година има мало намалување на потрошувачката на антибиотици на рецепт. Така, бројот на реализирани рецепти во 2010 година бил 1,95 милиони, додека во 2012 година и проекција за 2013 година е 1.9 милиони рецепти.

Она што навистина не’ загрижува е и фактот дека покрај намалувањето на вкупната потрошувачка на антибиотици на рецепт на товар на Фондот, сепак согледуваме раст на потрошувачката на антибиотиците од втора линија и резервните антибиотици.

Фондот во континуитет го подобрува начинот на контрола врз потрошувачката на лековите на рецепт од позитивната листа по светски стандарди креирајќи се поквалитетни податоци.

Ние ја анализираме потрошувачката на лековите по повеќе параметри за следење на рационалната употреба на лековите во државата. Како и во земјите од регионот и пошироко, и во Македонија гледаме дека најмногу се трошат пеницилините.

Најважно според нас е дека во Македонија потрошувачката на антибиотици е голема, поголема од земјите во регионот. На пример, во Словенија антибиотици може да се земат само на рецепт, а не и комерцијално како кај нас. Ја земаме Словенија како пример, поради гоеграфската големина, број на жители, заедничко минато и како пример за земја членка на ЕУ. За споредба, во Словенија се употребуваат 14 единици антибиотици на ден на 1000 осигуреници, додека во Македонија само на рецепт на Фондот се троошат 18 единици на 1000 осигуреници на ден, или 23% повеќе. Уште поалармантно е доколку во споредбатасе додадат антибиотици купени комерцијално (анкета на Фондот укажува нанајмалку 30% приватно купени антибиотици) и антибиотици кои се користат во болниците (50%). Севкупната бројка за Македонија е најмалку 32 единици антибиотици на ден на 1000 осигуреници или 2,5 пати повеќе отколку во Словенија.

Загрижени сме затоа што реалност е деак во нашата држава си купуваме антибиотици на своја рака, без да одиме на лекар. Тоа може сериозно да го наруши нашето здравје, затоа што, користење на антибиотици кога тоа не е потребно, прави тие да не делуваат, односно не прави резистентни. Знаеме, дека времето потребно да се направи еден антибиотик од понова генерација, на кој не сме сеуште резистентни, изнесува најмалку една деценија. Додека, пиењето антибиотици кога не е потребно, ќе направи за само еден месец веќе да не ни делуваат. Имено, организмот станува резистентен. Ако вака продолжиме, прашувам, како ќе ги лекуваме идните генерации. Дали ќе имаме лек за нашите поколенија?

Фондот сериозно пристапува кон проблематиката за рационална употреба на антибиотици и превзема чекори за подобрување на состојбата. Затоа Фондот ќе преземе сет на мерки за рационална употреба на антибиотиците и за тоа наскоро јавноста дополнително ќе ја информираме.

Но, рационално користење на лекови не може да се постигне доколку на истото не влијаат сите учесници во ланецот во здравството, започнувајќи од лакарите, со пропишувањето на лекот, фармацевтите, кои го издаваат лекот; пациентите, кои гокористат лекот; снабдувачите на лекови, производители, добавувачи, дистрибутери, и здравствените власти. Идеално, целта ќе биде постигната кога рационалната и трошок-ефективната употреба на лекови од здравствените работниции потрошувачите ќе се применува на сите нивоа на здравствениот систем.

Важен дел од мозаикот мерки за намалување на прекумерна употреба на антибиотици е и информираноста на јавноста. Затоа и денес сме тука, да апелираме и со заеднички напори од сите чинители во здравствениот систем да помогнеме да се подигне свеста за користењето на антибиотиците и тие да се користат правилно и само кога тоа е неопходно.

Ако алармот за перкумерна употреба на антибиотици е вклучен на глобално ниво, а во Македонија нивото на користење на антибиотици е драстично поголемо, тоа значи и дека сме двојно повеќе загрижени за нашите следни постапки, а со тоа и за здравјето на нашите идни поколенија.

Моето обраќање ќе го завршам со една инспиративна мислана др. Марк Хајман:

“Човечкото тело е еден интегриран систем, а не збирка на органи поделени одмедицинските специјалности. Медицината на иднината поврзува се’.“

Ви благодарам!

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари