Соопштение бр.3
По барање на новинар од весникот Дневник, направено е интервју со претседателот на ЗПЛРМ, Д-р. Лилија Чолакова Дервишова во врска со намалувањето на бодот и моменталната состојба на лекарите во приватниот сектор.
Од нејзина страна беше кажано дека матичните доктори се чувари на портите за здравството во Македонија. Тоа се луѓето кои први се фискализираа, плаќаат даноци, вработија сестри, доктори.
Прават превенција за кардиоваскуларни заболувања, простата, анемија, обеситас, деформитети, гинеколозите прават ПАП. Во секундарното приватно здравство апаратите секогаш работат и се добива љубезност и квалитет.