Состанок помеѓу претставници од МЗ и претседателот на ЗПЛРМ

Почитувани колеги,

На ден 19.04.2013 година се одржа состанок помеѓу претставници од МЗ и претседателот на ЗПЛРМ на Тема – како да имаме успешен проект Мој Термин, како да се информираме за се. Што се е потребно за да нема недостатоци во проектот.

За подобрување на соработката со матичните лекари и за целосно да бидат подготвени за започнувањето на Мој Термин потребно е со координаторите на матичните лекари по градови да се искомуницираат следниве информации, и да се соберат потребните информации:

- електронски упати кон специјалисти преку Мој Термин треба да бидат сегде подготвени и истестирани за да може да се почне со задолжително електронско закажување од 01.05.2013. За почеток во првата фаза ќе бидат овозможени само специјалистички упати од матични лекари кон специјалисти од секундарно ниво, и интерспецијалистички упати од спец. кон спец. од секундарно ниво. Останатите упати ќе продолжат да се користат според досегашните практики со старите обрасци.

- за сите прашања поврзани со Мој Термин да се обраќаат на емаил адресата: mojtermin@zdravstvo.gov.mk

- секој координатор да пријави колку матични лекари имаат во нивниот град, и кои софтвери и колку корсиници има секој софтвер од нивните лекари (не мора точна бројка, може и приближно за ориентација), и дали сите лекари имаат имплементирано можност за електронски упат кон Мој Термин.

- Секој лекар е должен да направи барем 3 електронски упати кон Мој Термин до пред 01.05.2013.

- Доколку некои лекари немаат имплементирано можност за Мој Термин, и нема да можат да се интегрираат со нивните софтвери за оваа надградба, должни се да се пријават за корисничко име на емаил адресата: mojtermin@zdravstvo.gov.mk најкасно до 25.04.2013, за да од МЗ до 26.04.2013 им обезбедат корисничко име и лозинка со кое ќе можат електронските упати да ги евидентираат преку апликацијата на Мој Термин (додека нивниот софтвер не биде спремен за електронски упати кон мој термин). Со тоа ќе имаат одреден период да пробаат и да направат минимално барем 3 електронски упати до 30.04.2013.

- Секој координатор поединечно да апелира до лекарите за користење на новото електронско упатување. Во овој период пациентите ќе добиваат хартиени упати според досегашните практики и не треба да се информираат пациентите за термините од новиот електронски систем. Во овој период до 30.04.2013 сите специјалисти се должни да ги прегледаат сите пациенти со уреден упат, без разлика дали тој е заведен електронски или не.

- Секој координатор да им пренесе на лекарите да ги пријавуваат сите недостатоци во листите со специјалности, лекари, установи… што ќе ги приметат да недостасуваат или треба да се корегираат, на емаил адресата: mojtermin@zdravstvo.gov.mk

- Секој координатор да потврди дали сите лекари имаат здравствени картички (во следните 2 месеци софтверските куќи ќе треба да го надоградат софтверот за лекарите да се најавуваат со ЕЗК). Сите лекари во иднина ќе треба да се најавуваат на нивниот софтвер со ЕЗК. Доколку некои лекари немаат ЕЗК, да се пријават на емаил адресата: mojtermin@zdravstvo.gov.mk

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари

Видео

Тагови