С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ДАВАТЕЛИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕТО НА ДОГОВОРИТЕ ВО 2013 ГОДИНА

Со цел обезбедување на здравствена заштита на товар на средствата на Фондот за осигурениците, Фондот објавува ПОВИК до сите здравствени установи кои имаат важечи договори за 2012 година, за продолжување на договорот со Анекс на договор за 2013 година.

Согласно измените на Законот за здравствено осигурување (Службен весник на РМ бр.53/2011) започнувајќи од 01.01.2013 година периодот на важење на договорите е една календарска година и тоа од 1 јануари до 31 декември за тековната година.

Договорите со здравствените установи кои вршат: специјалистичко консултативна здравствена заштита, болничка здравствена заштита, издавање на лекови на рецепт на товар на ФЗОМ, согласно Законот за здравствено осигурување се склучуваат еднаш годишно.

Договорите со здравствените установи кои пружаат здравствени услуги во примарна здравствена заштита (општа медицина, гинекологија и општа стоматологија) и изработка и издавање на ортопедски и други помагала, може да се склучуваат и во текот на годината.

Само здравствените установи и правните лица кои ги задоволуваат критериумите предвидени со Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување и соодветните општи акти на Фондот, можат да доставaт барање за продолжување на договор за 2013 година.

Напомена:

Здравствените установи кои дополнително ќе бидат вклучени во мрежата преку постапка во Министерството за здравство, а немаат договор со Фондот во 2012 година, за начинот и постапката за поднесување на понуда со потребна документација за 2013 година, можат да се информираат на web станицата на Фондот во делот Даватели на здравствени услуги ,

Исто така, во согласност со Правилникот за лекување во странство, понуди за склучување на договор за 2013 година може да поднесуваат во текот на годината и приватните здравствени установи од болничка здравствена заштита кои нудат здравствени услуги за коишто Фондот нема склучено договор во јавните и приватните здравствени установи, односно во истите овие здравствени услуги не се обезбедуваат и осигурениците се упатуваат на лекување во странство.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА АНЕКС НА ДОГОВОР

Сите даватели на здравствени услуги, КОИ ИМААТ ВАЖЕЧКИ ДОГОВОР за пружање на здравствени услуги на товар на средствата на Фондот за 2012 година, треба да достават Барање до Фондот за склучување на Анекс на договор за 2013 година.

Потребни документи за сите јавни здравствени установи (ЈЗУ) и приватни здравствени установи (ПЗУ) кои вршат специјалистичко консултативна и болничка здравствена заштита се доставуваат во писмена и електронска форма:

-Планот на вид и обем на услуги по дејности и по квартали за 2013 година,
-Список на дејности потпишани од директорот,

Покрај наведените документи ЈЗУ-ата доставуваат задолжително во писмена и електронска форма и:

-Деловен план за 2013 година.

Образецот на Барање за продолжување на договор за 2013 година, со потребните документи се објавени на веб страницата на Фондот во делот Даватели на здравствени услуги (кликнете го линкот).

РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Барањата за продолжување на договор придружени со потребна документација, се доставуваат до 17.09.2012 година, и тоа до подрачните служби на Фондот за здравствените установи од примарна здравствена заштита, а за аптеките и здравствените установи од специјалистичко – консултативна и/или болничка здравствена заштита до централната служба на Фондот, во писмена форма и електронска форма.

Здравствените установи кои треба да достават дел од потребната документација во електронска форма истата задолжително да ја достават на следната e-mail адреса:

dogovori@fzo.org.mk

За потребните информации за продолжување на договорите за 2013 година може да се обратите на следните контакт телефони:

-во врска со барањето за договорите во Правен сектор на:02/3289-031 и 02/3289-019
-во врска со планот за вид и обем, образецот за дејности и деловниот план во Секторот за финансиски прашања на:02/3289-028 и 02/3289-016

Фонд за здравствено осигурување на Македонија

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари

Видео

Тагови