Барање до претседателот на ЛКМ

Почитуван Пртеседател на Лекарска Комора на РМ,

Управниот одбор на ЗПЛРМ на последниот состанок донесе одлука да се поднесе официјално барање до Вас, со една единствена цел да се одржи работилница помеѓу Министерство за здравство, ФЗОМ и ЗПЛРМ.

Приватниот сектор следниот договор кој ќе го прави со ФЗОМ би требало да биде на 5 години и ние би сакале истиот да го искреираме да биде што поквалитетен. Мора да се разгледуваат превентивните цели кај матични доктори и гинеколози,начин на исплата,висина на бод.

Приватниот сектор сака партнерски однос со МЗ и ФЗОМ. Ние прифативме секакви реформи и сега очекуваме и институциите да имаат слух за нашите потреби и проблеми.

Со почит
Управен одбор на ЗПЛРМ

Коментари (1)

 

  1. Biljana вели:

    Почитувани колеги од УО на ЗПРЛМ,
    Во преговорите за идни Договори да се вклучат и специјалистите на Секундарно ниво кои имаат договор со ФЗО.
    За прв пат се отвара нов процес на распишување на тендери за доделување Концесии во мрежата, а од ЗПРЛМ нема активност од колегите специјалисти-секундарно. Никој нема да биде заштитен како ,,редок вид,, на сите тоа ќе се одрази.
    Дали потпретседателот др Влатко Симоновски и Др Миташев (како претседател на Собранието на ЛКМ) се незаинтересирани за активно учество во кроењето на овие политики од МЗ? Дали сметаат дека нема проблеми и прашања за решавање во постоечките Договори за специјалистичко-консултативна здр.заштита ???? Пакетите, состав и референтни цени, горен лимит, исплати според договорот, прашање за годишен одмор (сите во РМ имаат платен годишен одмор, според Закон за раб.односи, само за приватните специјалисти нема – треба да го оствари лимитот и во тој месец кога се користи годишен одмор ?! Како се успева е чудно :)) Колегите специјалисти од секундарно ниво, членови на ЗПРЛМ кои имаат одговорни функции во Здружението, би требало подеднакво активно да работат како колегите од примарна здр.заштита.
    А, доколку постојат сознанија и активности, да бидат транспарентно објавени.
    Со почит, др Билјана Зовиќ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари

Видео

Тагови