Информација за плаќање на радиодифузна такса

Почитувани колеги,

Бидејќи има многу прашања дали ПЗУ треба да плаќа радиодифузна такса-беше консултиран нашиот адвокат.
Неговиот одговор е ДА-треба сите правни субјекти да плаќаат радиодифузна такса.
Со почит

Коментари (12)

 

  1. д-р. Лидија Ристовска вели:

    Д-р. Лили, можеме ние да прифатиме и буџет од НУЛА ДЕНАРИ, само да влеземе во мрежата, за почеток. Имате ли сила и мотив вие, како претседател тоа да го поттикнете или ако, немате, што е коректно да ни го кажете, нашиот потенцијален претставник во УО ЗПЛРМ ќе се активира. Со тоа буџетите на нашите колеги нема да биде загрозен, а и ние ќе имаме легитимитет да се бориме за нашите права. ФЗОМ нема да биде оптеретен, а ние ќе имаме право за упатување и специјалистички препораки. Ако ФЗОМ не може да не контролира со нула денари, нека ни даде буџет од 1000,00 денари, симболично. Ете, не бараме многу.

  2. д-р. вели:

    Колешке Лилија,
    Што значи вашиот молк, по повод барањата на колегите приватни специјалисти со новоотворени специјалистички ординации да се активираат во ЗПЛРМ?
    Дали НЕКОЈ ви даде право вие дискреционо да одлучувате дали некој смее да се активира во одлучувачкиот врв? Затоа ли 2 дена молчите? Итно да се произнесете за барањата кои јавно ви се доставени! Ако вие не сакате да имате допирни точки со оваа материја, морате да бидете свесни дека НИЕ ПОСТОИМЕ и не можете да не апстрахирате со вашиот молк. Да им дадете итна информација како да се активираат колегите во УО на ЗПЛРМ, кој е начинот, зошто веќе има заинтересирани за активно членство таму.

  3. ЗАИНТЕРЕСИРАН вели:

    Кој го избриша мојот коментар?

  4. Што се случува со мрежата? вели:

    Министерот јавно, на МРТВ на денот на донесување на законот изјави самоуверено дека мрежата за новите специјалистички ординации ќе биде готова најдоцна за две недели до месец дена. Две недели поминаа, а информациите од ФЗО говорат дека се уште немаат добиено официјален налог за изработка на мрежата и постапката не е воопшто започната, ниту има работна група со конкретни задолженија, а ниту има договор на ниво на директори и раководители. Под ИТНО да се добие одговор од директорката на ФЗОМ, и од министерот директно (јавно да се прашаат, на прес конференција), зошто се уште не е започната постапката, кога се планира да започне и за колку време се очекува да се усвои од владата новата мрежа на специјалистички ординации. Јавно кажаниот збор е јавно ветување, и ако е одговорен министер ќе си го држи јавно изречениот збор. ЗПЛРМ е должно да ги добие и објави добиените информации и да се бори за фелата да си ги добие со закон загарантираните права. Ако не е способно ова раководство, нека се повлече…има кој може, кој знае и кој умее. ЗПЛРМ не смее да биде слуга на ФЗОМ, туку интересовна група која мора да ги штити интересите на тие кои ги претставува, а не да слугува на Фондот од лукративни причини.

  5. ЗАИНТЕРЕСИРАН вели:

    До Претседателката на ЗПЛРМ и до раководството:

    Сега е момент да се побара и добие прецизна инструкција околу идните плаќања на капитацијата за матичните лекари. Што се мисли конкретно, со најавата за доцнење со исплатата. Сега задоцнувањето е 15 дена, после договорените 60 дена. Од април, со целосната исплата (100%) која по договорот се очекува најдоцна до 05ти јули, а со доцнење како досега од 15 дена – 20ти јули, се поставува прашањето колку дополнително се планира да се доцни. Значи, се бара прецизен одговор и договор. И што во тој случај со затезните камати кои банките си ги бараат, и со обврските по основ на давачки спрема државата (плати, придонеси и сл.) И ако мора да се промени терминот на исплата од 60 на 90 дена, тоа да се случи постепено, по една недела доцнење, започнувајќи од првата 100% уплата од ФЗО во јули месец, така што за неколку месеци да се дојде до 90те дена. Сега е време за разговори и прецизни договори и за јавно изнесена информација.

  6. Mile вели:

    Spored Zakonot za izmenuvanje i dopolnuvanje na zakonot za radiodifuzna dejnost izglasan vo Sobranieto na RM na 24.01.2012 dopolnet e clen 146 so nova alinea:
    trgovci poedinci registrirani soglasno ZTD kako i vrsiteli na dejnost registrirani soglasno zakon, do 20 vraboteni, po edna radiodifuzna taksa.
    E VO OVA GRUPA SPAGAAT I PZU pa spored toa treba da se plaka radiodifuznata taksa. Dali e vo red ili ne toa e drugo prasanje
    PLATETE si ja da ne Vi gi naplati UJP so trosoci i za izvrsitel.
    Zalbata ne ja odlozuva naplatata.

  7. Сите требе да ги почитуваме законите,но ова со РДТ воопшто не е во ред.
    Пореално ќе е да е се каже дека е данок, отколку пари за нешто кое не го поседуваме.Иако е 190 денари месечно, тоа е трошење време и уште еден ангажман непотребно.
    Елица Станишлевиќ

    • д-р Ванчо Апостоловски вели:

      Prasanje:Dali treba da plakame radiodifuzna taksa? Odgovor NE! So avtenticno tolkuvanje na Sobranieto objaveno vo Sluzben Vesnik br.23 od 24.02.2011 god. nie kako PZU sme oslobodeno od plakanje na Radio difuzna taksa. Advokatot neka si go konsultira Sluzbeniot Vesnik. Mislam deka taa bese datata na izleguvanje na avtenticnoto tolkuvanje.
      So pocit, d-r Vanco Apostolovski
      P.S.
      Resenieto e pismeno da go izvestite Ministerstvoto za Finansii, Uprava za javni prihodi deka soglasno toa tolkuvanje treba da prestanat da Vi isprakaat smetki za RDT.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари

Видео

Тагови