Деловен процес ИЛ обрасци 7 дополнувања со образец А, Б и В
Почитувани,
По состанокот кој го имавме на оваа тема, а и по извршените консултации со нашите подрачни служби, направив мали корекции и дополнувања на претходната верзија на процедурата за ИЛ обрасци.
Од тие причини, Ви ја доставувам дополнетата верзија и воедно Ве замолувам да до петок (22.10.2010 година) ми испратите Ваше мислење или коментар во однос на истата.
За Вашите забелешки кои беа претходно презентирани на состанокот а кои се однесуваа на законската регулатива, ја запознав директорката и останува напатствието кое Ви го дадовме, а тоа е што побрзо писмено да ги доставите до Фондот.
Поздрав,
Валентина Самарска Јоргусека
Линк за превземање: Деловен процес ИЛ обрасци- 7-dopolnuvanja so obrazec A,B i V
Коментари (1)
Со мало задоцнување го разгледав постот, и ако ова стане редовна процедура веројатно ќе треба да запослат уште 5-6 референти за оваа глупост. Излегува дека е поважен ИЛ образецот од договорот или упатството за капитација. Петстотини различни форми на образци и слични глупости додека може да се реши едноставно. Кога ќе дојде пациентот кај докторот да му се даде образецот во два примерока, во подрачната единица нека го пријават ако е слободен и вториот примерок заверен од референтот му го даваат на пациентот да го носи во ординација. Заверката е доволен доказ дека се е во ред и нема потреба од разни образци бр. 1 , 2 , 3 и што уште не. Наместо да се поедностави процедурата уште додатно се компликува како и се останато . Поздрав