Честит 7 Април!

Почитувани колеги,

Денеска е денот на здравството 7 Април. И наместо награда или почит- примарното здравство сеуште нема добиено капитација за изработената работа за јануари.

Дали треба аплауз за ова или е срам за државата. Почитувани доктори и наши здравствени соработници,медицински сестри, стоматолози, гинеколози, длабок поклон за сите Вас. Но оваа држава не не заслужува.

На сите Ви посакувам добро здравје и пробајте да си ги сочувате последните атоми на сила кои ги трошиме. Некои ротираа, работеа со скратено време и редовно добиваат плата додека матичниот доктор работи без прекин и без одмор, без награда, без почит, но до кога??? Нека е среќен денот и сите да сте здрави!!!!

Ви посакувам од срце!

Со почит,

Претседател на ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари