Продолжување на важење на мерката за издавање боледување на хронично болни лица

Почитувани,

На следните линкови можете да ги превземете Соопштението за ЛКМ од 23.03.2021 година и Соопштение за осигуреници од 23.03.2021 година.

Измените и дополнувањето се во делот на:


1.Постапувајќи по Заклучокот на Владата од 14.09.2020 година и насоки на министерот за здравство, мерката издавање на боледување на хроничните болни кои имаат акутно влошување на болеста беше одредено да важи 6 месеци, односно до 31.03.2021 година. Меѓутоа поради забрзано ширењето на Коронавирусот, рокот на важење на оваа мерка се продолжува до 30.06.2021 година.

2.Избраниот лекар односно лекарската комисија на Фондот има право ретроактивно да отвори боледување односно ретроактивно да даде оценка и мислење за привремена спреченост за работа на вработено осигурено лице заболено со Коронавирусот ( COVID-19).

  1. За време на траење на вонредни услови, кризни состојби, епидемии и пандемии на заразни болести, избраните лекари имаат право да препишуваат лекови на рецепт од Листата на лекови на товар на Фондот (антибиотици и анксиолитици), над дозволениот лимит, кои се неопходни при третман и лекување на осигурените лица заболени од Коронавирисот (COVID -19).

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари