Потпишан меморандум за соработка

Групацијата на приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението на приватни лекари во Македонија потпишаа Меморандум за соработка преку кој заеднички ќе работат на унапредување на статусот на приватните здравствени установи од примарно здравство, преку застапување на бизнис интересите на овој сектор.

Потписниците истакнаа дека приватното здравство е значаен сегмент и еден од носителите, не само на здравствениот систем, туку и на целокупниот општествен систем во земјава, поради што е потребно да се преземат мерки за негово вистинско вреднување.

За постигнување на заедничките цели во наредниот период се планира да се интензивира комуникацијата со надлежните институции и проактивно да се пристапи кон решавање на проблемите кои се поврзани со деловната активност на приватните здравствените установи.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари