Обуки за Ковид-19

Почитувани,

Ве информираме дека следните нови обуки за КОВИД – 19 се достапни на македонски и албански јазик, истите ќе бидат акредитирани од Лекарската Комора на Република Северна Македонија.

Курс 7: Клиничко управување со пациенти со КОВИД-19 – Општи согледби (https://obuki.zdravstvo.gov.mk)

Курс 8: Установите за долготрајна нега во контекст на КОВИД-19 (https://obuki.zdravstvo.gov.mk)

Курс 9: Стандардни мерки на претпазливост: хигиена на раце (https://obuki.zdravstvo.gov.mk)

За да пристапите кон обуките на македонски и албански јазик потребно е да се најавите преку платформата на Министерството за здравство: https://obuki.zdravstvo.gov.mk.

По завршувањето на обуките учесниците ќе можат да го преземат својот сертификат за обуката од самата платформа https://obuki.zdravstvo.gov.mk.

Обуките се преведени како дел од проектот на Светската здравствена организација, под наслов: „Поддршка за јавното здравје и здравствените услуги за време на вториот бран на КОВИД–19 во Северна Македонија”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство и со поддршка од британската амбасада.

За повеќе информации погледнете го документот во прилог,

Ве молиме оваа информација да биде споделена со Вашите колеги, а со цел помасовно следење на обуките од страна на сите здравствени работници и соработници во државата.

Срдечно,
СЗО Скопје

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари