Упатство за реализација на цели

Почитувани,

На следниот линк можете да го превземете „Упатството за начинот на реализација на цели за дејноста општа медицина за 2021 година“ со архивски број 12 -1673/1 од 04.02.2021 година кое е објавено на web – страната на Фондот.

Воедно Ве известуваме за следново:

Во „Упатството за начинот на реализација на цели за дејноста општа медицина за 2021 година“ нема никакви промени во однос на Упатството од 2020 година.

*Избраните лекари од дејноста општа медицина треба да планираат цели за 2021 година. *

*Избраните лекари од дејноста општа медицина во периодот на траење на мерките за спречување на ширење и сузбивање на заразата од *Covid 19 не треба да ги повикуваат осигурените лица на превентивни прегледи предвидени во Планот за превентивни цели.

*Повикувањето на осигурените лица за превентивни прегледи, ќе се врши кога ќе се создадат услови за реализација на целите, односно откако ќе завршат времените мерки. *

*„Поради спречување на ширењето на епидемијата од **Covid – 19, избраните лекари не треба да ги повикуваат пациентите за превентивни прегледи, но доколку некој пациент дојде на преглед од било која причина, лекарот е должен да го изврши превентивниот преглед доколку постојат услови за истото и истиот преглед може да се заведе како реализирана цел“. *

  • За дејноста општа медицина Упатството за начинот на реализација на цели ќе се применува се до донесување на ново Упатство согласно предвидените реформи во примарна здравствена заштита.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари