Матичните лекари реагираат – Не сме телефонски секретарки, најдете друг модел за закажување вакцинација

Матичните лекари одбиваат да закажуваат вакцинација преку електронскиот систем „ Мој термин“. По најавата од комитетот за имунизација, реагираат од здружението на приватни лекари. Децидни се во барањето до МЗ да најде друго решение бидејќи тие како матични лекари и сега се под голем притисок, а со ова дополнително ќе ги запостават пациентите. Предупредуваат дека патологијата на болести е огромна  и тие не смеат да ја запостават. 

Бараат средба и предлагаат неколку други опции. Чолакова вели и до сега биле под силен притисок од пациенти но и дополнително од административни задолженија за боледувањата на пациентите.

Во Србија каде процесот на имунизација се врши масовно, закажувањето оди преку е – систем. Граѓаните сами се пријавуваат, пополнуваат лични податоци, избираат место каде сакаат да се вакцинираат, па дури и каква вакцина ќе примат. Оставаат телефонски број на кој потоа им пристигнува порака кога да се јават на вакцинација. Во здравствените установи каде се врши имунизација секојдневно пристигнува листа на пријавени и во зависност од бројот тимовите се организираат во колку смени ќе работат. Дополнително обезбеден е тим на медицински сестри кои се задолжени да комуницираат со граѓаните пред но и да ја следат состојбата на пациентите  по примање на вакцината. 

https://sitel.com.mk/matichnite-lekari-reagiraat-ne-sme-telefonski-sekretarki-najdete-drug-model-za-zakazhuvanje

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари