Соопштение за прифаќање на новиот упат LU1 COVID 19 со список на ПЗУ лаборатории
Почитувани,
По реакција на ЛКМ дека приватните лаборатории не го прифаќаат упатот ЛУ 1 COVID 19, во прилог доставувам дополнето Соопштение дека новиот упат задолжително треба да го прифаќаат:
-сите ЈЗУ( болници и здравствени домови),
-ПЗУ лаборатории кои имаат договор со Фонд за ЛУ 2 иПЗУ лаборатории кои имаат договор со Фондот за ЛУ 1 со вработен лекар
специјалист по медицинска биохемија
Сите горенаведени здравствени установи задолжително треба да ги вршат лабораториските анализи на Д-Димер и CRP, за осигуреници заболени од COVID 19.