Чолакова Дервишова: Матичните лекари мора да ги прегледуваат пациентите

Пациентите позитивни на КОВИД мора да бидат прегледани од матичен лекар доколку се жалат на посериозни симптоми. Телефонските прегледи може да се практикуваат за следење на состојбата на оние со полесни симптоми. Др Лилија Чолакова потсетува дека во ниту еден случај лекарот не смее да одбие пациент за преглед. Примарното здравство е многу важно особено во вакви ситуации кога клиниките се полни.

Поради паника и страв од вирусот се јавуваат пациенти и без позитивен тест. Има случаи кога симптмите се поклопуваат а се работи за друга болест.

Во овој период се зголемува бројот на  мозочните удари поради промената на атмосферскиот притисок, навремениот преглед кај матичен лекар може да спречи посериозни последици вели Чолакова.

Апелира до сите лекари во примарното здравство да си ја вршат професионално работата  а граѓаните да бидат посмирени.

https://sitel.com.mk/cholakova-dervishova-matichnite-lekari-mora-da-gi-pregleduvaat-pacientite

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари