Соопштение бр.20

На ден 16.10.2010 во 13 часот во Даре Џамбаз се одржа состанок со докторите од Скопје, претставници на здравни домови и ПЗУ, педијатри, гинеколози. На истиот состанок присуствуваа и колеги претставници по градови од Македонија.

На состанокот присуствуваа и двајца претставници од Фондот Г-ѓа Јасмина Смилевска и Директорот на Информатичкиот сектор Г-ин Гоце, кои беа поканети од Здружението. Други гости кои беа поканети беа Г-ѓа др Катерина Ковачева од МЛД и претставникот од Контракс Г-ин Игор.

Состанокот го отвори претседателот на ЗПЛРМ Др Лилија Чолакова Дервишова.

Ги запозна присутните со досегашните активности на претседателството, за посетата по градови, за проблемите со кои се повторуваат секаде по колегите, за посетата кај Министерот Г-ин Бујар Османи во месец август, за посетите кај Директорката на Фондот Г-ѓа Маја Парнаџиева Змејковска.

Потоа се надоврза потпретседателот за секундарно здравство Влатко Симоновски кој дискутираше за проблемите во секундарно здравство.Беше посочено да со оваквиот начин на плаќање постои проблем да ако ви се расипе дел од апаратурата за дијагностика ќе мора наново да се зема кредит за пак да може да продолжите со работа.Значи да со оваа цена на пакетите кај специјалистите освен за плати, средства за купување на дијагностичка апаратура не остануваат.

Колегата Фатмир од Куманово дискутираше да во моментот докторите се слуги на народот. Секој може да го тужи, тепа, казнува докторот.

Гинекологот Милорад кажа да голема е одговорноста на гинеколозите, прегледи, превенција и се за оваа цена на бодот.Предложи да за следните договори најдобро ќе биде да докторите состават договор кој ќе им го дадат на Фондот па потоа ќе се договараме.

Голем број на колеги реагираа за режимот на препишување на лекови,за внесувањето на ИЛ обрасците во Фондовите. Колегите се плашат да издаваат боловања бидејќи е тешко да се запазат критериумите. И да ако има многу казни накрај да се предложи боловањата да ги издаваат специјалистите.

Колегата Беќир предложи да добро би било следниот пат собирот да биде делегати по градови од ЗПЛРМ и делегати по градови од ЛК. Претставниците од Фондот одговараа на прашањата на колегите и им укажаа да внимаваат при издавањата на боловањата.

Претставничката од МЛД кажа да следната недела со почеток во петок во ќе почне симпозиум на лекари во АРМ.

Претставникот од Контракс кажа да кога ќе треба да се воведе електронската картица секој доктор ќе мора да има два компјутери, мрежа, антивирус, лиценциран софтвер, интернет. Тие како фирма се спремни да поделат ваучери до координаторите на здружението по градови.Целта е да сите што ќе уплатат чланарина во ЗПЛРМ ќе си добијат ваучери во зависност на кого што ќе му треба.Така и здружението ќе биде финансиски јако а и колегите ќе можат да си земат се што им треба со попуст.

Состанокот заврши во 17 часот со заклучок да колегите мора да си ги информираат колегите, да отвораат сите на сајтот на ЗПЛРМ за да може брзо да се информираме за новите активности со Фондот, за новите процедури за ИЛ образец, за новите критериуми за боловања, за замените на доктори и за се
друго.

Коментари (2)

 

  1. Др Петре Стојановски напиша:

    Почитувани!
    Сакам да ги поздравам раздвижувањата во ЗПЛРМ,на чело со претседателот. Многуми е мило, што веќе некој сака да се ангажира за достинството на докторската фела. Јас велам „докторите се кремот од генерацијата“ што успева да се запише на медицина, и да ја заврши, значи „најспособните“, за да во работењето бидат „најбедните“. Почитувани, време е здружени да се избориме за достојно економско живеење, во пазарниот систем. Јас со сите мои можности се залагам за тоа. Затоа сум еден од оснивачите на Групацијата за приватно здравство, при Созјузот на стопански комори, и нејзин Заменик претседател, затоа мило ќе ми биде да се сретнеме, макар на вашите состаноци во Скопје, и да настапуваме синхронизирано заеднички и со Лекарската комаора, МЛД и со сите исцепкани здруженија со истоветни барања. Поздрав. Др Петре

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари