Топ Тема 28.09.2020: Интервју со министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче во интервју во вечерашната Топ тема дава одговори на многу прашања, кои покрај пандемијата , дополнително се отворија и за функционирањето на целиот здравствен систем.

Во емисијата ги најави брзите тестови за Ковид-19 кои многу скоро се очекува да бидат достапни и во болниците во нашата држава. Посочи дека тие како министерство планираат надградување на стратегијата за тестирање, односно ова воспоставување на стратегијата за широко тестирање.

Освен во болниците министерот Филипче, додаде дека брзи тестови за Ковид-19 ќе има и на граничните премини, но пред тоа ќе треба да се подготви стратегија.

Меѓу другото, министерот додаде дека ниту една земја нема начин на широко тестирање како што имаме ние, со исклучок на големите земји. Филипче исто така рече дека во државата се тестираат дури и луѓето кои што биле во ризик, а немаат симптоми се со цел да се види да не се случи да има асимптоматски носители. Со такво широко тестирање, министерот посочи дека се штитат и сите луѓе околу позитивните.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари