Лекари за тв 24: Короновирусот го зема данокот, влошување на состојбата кај дел од пациентите со хронични болести

Одложувањето на прегледите и интервенциите во изминативе шест месеци поради корона кризата остави последици врз пациентите со други заболувања – велат дел од матичните лекари за ТВ 24. Изминатиов период во кој стагнираа редовните прегледи, контролата и скринингот очекуваат допрва да ги покаже ефектите врз здравјето на населението. 

„Имаме пациентки на кои што им се зголемени метастазите, па сега се одново на хемотерапии, а кои што пред две години имале отстранет тумор. Во моментов имаме пациентка која што е многу млада и е повторно на хемотерапија поради тоа што за овие пет месеци процесот направил експанзија во организмот, има и други такви пациенти.“ – вели д-р Лилија Чолакова Дервишова – матичен лекар. 

„Имаме случаи кои што беа со влошена здравствена состојба заради намалените капацитети кои што ги имаше здравството од самиот почеток. Хроничните пациенти кои што си ги водевме и претходно ние некои имаа влошување, меѓутоа и акутните пациенти кои што ни беа во овој период ни беа со проблем затоа што многу од нив не можевме да ги згрижиме во моментот, така што секако дека се одрази состојбата со ковидот врз нашите хронични пациенти.“ – вели д-р Мирослава Димевска Шефченко – специјалист по семејна медицина.

Дел од матичните лекари велат дека друг проблем е и закажувањето термини за одредени специјалности. Најмногу велат се чека кај кардиолози, интернисти, псисхијатри и уролози, а нема доволно термини и за ехо на дојка и на простата. 

„Термини нема целиот овој период и сега нема доволно термини. Доволно е еден колега да ги пушти сабајле термините, а јас да сум попладне на работа и не можам да ги фатам тие термини, а до попладне веќе нема да има ниеден термин. Значи многу ни фалат уролози, интернисти, пулмолози во сите специјалности има некој што ни недостасува.“ – вели д-р Димевска Шефченко.

„Секојдевни проблеми имаме со закажување термини односно недостигаат термини за ехо на дојка на простата, слободни термини не може да се најдат и кај кардиолози, итернисти и психијатри.“ – вели д-р Чолакова Дервишова.

Според податоците на Мој Термин – од почетокот на месецов до сега реализирани се близу 300 000 прегледи кај специјалисти од кои околу 100 000 биле креирани како итни случаи. Во овој период направени се и над 45 000 контролни прегледи. Најмногу прегледи биле реализирани од страна на специјалисти по интерна медицина.

Од министерството за здравство до емитувањето на овој прилог не добивме одговор дали коронакризата и тоа што беа одложувани прегледи, интервенции го зголеми бројот на пациенти со други заболувања но и како ќе се реши проблемот со недостатокот од термини за одредени специјалности?

https://24.mk/details/lekari-za-tv-24-koronovirusot-go-zema-danokot-vloshuvanje-na-sostojbata-kaj-del-od-pacientite-so-khronichni-bolesti

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари