Соопштение за ЛКМ и за осигуреници

Почитувани,

Ва веб страницата на Фондот истакнато е дополнето Соопштението за ЛКМ од 18.09.2020 год.

Дополнувањето се однесува во делот на:

  • Престанок на мерката продолжено породилно боледување: Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23.9.2020 година (среда) се враќаат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи. Исплата на продолжено породилно боледување Фондот ќе врши заклучно со 22.09.2020 година.

-Остварување на право на надоместок на плата на вработени осигурени лица со влошено хронично заболување и вработени осигурени лица со малигна болест: Вработени осигурени лица кои имаат хронично заболување во фаза на егзацербација (влошување) како и вработени осигурените лица со малигна болест заради нивната влошена здравствена состојба, можат да достават извештај со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на кој избраниот лекар ќе даде оценка за привремена спреченост за работа по основ на болест за првите 15 дена, а над 15 дена лекарската комисија на Фондот. Во извештајот со наод и мислење од лекарот специјалист треба да биде наведена утврдената здравствена состојба, потреба и времетраење на боледувањето и евентуален контролен преглед.

Доколку треба да се продолжи боледување над 2 месеци за прв пат, избраниот лекар и ПЛК ќе одлучува на последно важечки извештај од специјалист врз основа на кој е издадено претходното боледување, без да го упати осигуреникот на повторен преглед на клиника за да донесе нов специјалистички извештај. Важењето на специјалистичкиот извештај ќе зависи од здравствената состојба на вработеното осигурано лице, но не подолго од 6 месеци.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари