Упатување на Феријална практика на ученици од прва година кај работодавец (ПЗУ)

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно програмата за реформирано техничко образование од  здравствена струка, учениците од средните стручни училишта кои завршиле прва година потребно е да реализираат феријална практика по завршување на наставната година, кај работодавец (т.е. здравствена установа за нашата струка).

Поради состојбата со пандемијата, наместо за време на летниот распуст периодот за реализација е продолжен до ноември
2020.

Феријалната практика се обавува во времетраење од 20 (дваесет) работни дена по 7 (седум) часови дневно или вкупно 140 (сто
четириесет) работни часа. Истата  е задолжителна, а нејзиното обавување е услов за запишување на учениците во следната учебна
година.

Во тек на феријалната практика ученикот треба да биде вклучен во активностите кај работодавецот за што пополнува дневник, којшто
треба да се потпише од одговорниот ментор кај работодавецот и потврда (Образец бр.6 за потврда и Програма за Феријална Пракса во прилог на овој допис).

Обавувањето на пракса е во согласност со препораката на Комисијата за Заразни болести, а согласно постоечките пропишани Протоколи и
Вашите интерни акти. За дополнителни информации слободно контактирајте не.


Во пресрет на успешна взаемна соработка,

Координатор за практична настава при

СМУГС Д-р Панче Караѓозов

Д-р Весна Атанасовска

e-mail: drvesnaatanasovska@gmail.com

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари