Извесување од Лек Скопје

Почитувани,

Ви се обраќаме во име на Лек Скопје, член на компанијата Sandoz (Novartis Групација) во врска со нашата понатамошна комуникација
и соработка за време на вонредната состојба прогласена во Република С.Македонија со цел да се заштити ширењето на коронавирусна инфекција.

Во согласност со препораките на Владата на Република С.Македонија, посетите од страна на на нашите стручни соработници во здравствените установи нема да се реализираат и планираните стручни состаноци се одложени, но нашиот стручен тим се уште Ви стои на располагање и можност за комуникација преку телефон, е-пошта и иновативни форми на комуникација.

Ние сме свесни за Вашата посветеност и вонредните напори кои Вие како здравствени работници ги правивте во заштитата и лекувањето на населението во време на значајни здравствени предизвици на светски размери.

Во тоа име сакаме да Ви се заблагодариме за тоа и да Ве известиме дека претставниците на нашата компанија ќе останат достапни за сите прашања и комуникации во врска со нашите производи, имајќи ги предвид, пред сè, најважно здравствените потреби и безбедноста на пациентите.

За таа цел, доколку сте согласни, Ве молиме кликнете на линкот даден веднаш на ова известување

https://www.surveygizmo.eu/s3/90226108/

и да ја дадете Вашата согласност за обработка на Вашите податоци.

Секако во секое време ќе можете да ја повлечете дадената согласност на следнава e-mail адреса lek.skopje@sandoz.com

Со почит,
Лек Скопје ДООЕЛ Скопје

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари