Соопштение за ЛКМ 10.09.2020

Почитувани,

Со новото Соопштение за ЛКМ од 10.09.2020 година, направено е дополнување на Соопштението за ЛКМ од 30.08.2020 година во делот на: Важење на упати за презакажан термин преку с-мот на Мој термин, за закажани здравствените услуги, а не извршени поради пандемијата со КОВИД -19 вирусот

Поради пандемијата со КОВИД -19 вирусот голем број од закажаните прегледи останаа нереализирани. Сегашната епидемиолошка состојба овозможува да се продолжи со нормална работа на специјалистичко-консултативна здравствена заштита со запазување на препораките на Комисијата за заразни болести.

При тоа за закажаните, а нереализирани термини (услуги) ЗУ се должни да ги контактираат осигурените лица и да овозможат нов термин. За реализација на овие услуги може да се користат издадените упати за првичниот термин.

Доколку осигуреното лице од било која причина не го поседува хартиениот упат издаден при закажувањето на првичниот термин, тогаш здравствената установа каде се пружа здравствената услуга може да ја испечати електронската верзија на упатот од Мој Термин, со назнака дека упатот е испечатен од с-мот на Мој термин (УЕЗ), потврден со своерачен потпис и факсимил на лекарот кој ја пружа здравствената услуга и печат на здравствената установа.

Извештај од лекар специјалист/субспецијалист и отпусно писмо извадени од Мој термин

Избраните лекари кои го упатиле осигуреното лице за вршење на одредена здравствена услуга од специјалистичко-консултативна или болничка здравствена заштита, по извршувањето на здравствената услуга преку с-мот на Мој термин (Управата за електронско здравство) имаат можност по електронски пат да ги добијат: извештајот од специјалистичкиот/ субспецијалистичкиот преглед или отпусното писмо.

Извештајот од специјалист или отпусно писмо, испечатени од системот на Мој термин од страна на избраниот лекар на осигуреното лице, не содржи оригинален потпис од лекарот специјалист/субспецијалист и печат од здравствената установа. Поради тоа избраниот лекар истите ги верификува со своерачен потпис и факсимил и печат на здравствената установа, со назнака
дека е испечатено од системот на Мој термин (УEЗ).

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари