Ампева: Инспекторатот да истражи дали намерно текстилни работнички со симптоми не ги тестираат на коронавирус

Матични лекари од Кочани одбивале да испратат на тестирање текстилни работнички со симптоми на Ковид 19. Работничките работеле во конфекција каде веќе има потврдени случаи на вирусот. Вакви обвинувања за лоша соработка на здравствените институции во Кочани се појавија на социјалните мрежи. И Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ упати јавно прашање и побара реакција од Државниот здравствен и санитарен инспекторат да провери дали овие тврдења се вистинити. 

– Прашање до Државен здравствен и санитарен инспекторат и Министерство за здравство. Дали жени работнички од Кочани имаат симптоми на Ковид, а примарното здравство ги враќа назад со одговор не е Ковид и не ги праќа на тестирање за да не се дига паника? – напиша Ампева на Фејсбук. 

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат велат дека до нив не е стигната пријава за случаи во Кочани. Ги повикуваат работничките кои и покрај симптомите биле одбиени за тестирање групно или поединечно да поднесат пријава со нивните податоци за да се провери каде е проблемот. 

За да ги провериме наводите мора да имаме конкретни податоци. Штом ќе ги добиеме ќе го истражиме случајот и ќе утврдиме дали има пропуст кај матичните лекари, дали и зошто не е закажано тестирање преку алгоритамот на Министрството за здравство – вели во телефонска изјава за ТВ 24 Ирина Бухова, директор на Државен здравствен и санитарен инспекторат. 

Од инспекторат појаснуваат дека ако имаат симптоми работничките може да се јават и на инфективните одделенија во Штип и Кочани, каде задолжително ќе им бидат направени тестови. Од Здружението на матични лекари велат дека се почитува алгоритамот, но потребно е лекарите да почнат со прегледи на пациентите. Велат дека со сите пациенти кои имаат некој од симптомите се комуницира на дневна основа и врз основа на искуството и симптомите проценуваат дали некој ќе се тестира или не.

Од Центарот за јавно здравје во Кочани велат дека не се случило некој што е дел од епидемиолошките анкети и бил во контакт со заболен, да не се тестира ако покаже симптоми на Ковид 19. Сепак кога и дали ќе биде тестиран одлучуваат епидемиолозите.

https://24.mk/details/ampeva-inspektoratot-da-istrazhi-dali-namerno-tekstilni-rabotnichki-so-simptomi-ne-gi-testiraat-na-koronavirus

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари