За интервенции во јавно здравство не смеат да се бараат приватни ПЦР тестови

Приватни ПЦР тестови за интервенции во јавно здравство. Со ова се соочиле пациенти кои изминатиов период закажувале хируршки интервенции или пак биле повикувани на интервенциите кои им биле одложени поради коронавирусот. Од Здружението на приватни лекари потврдуваат дека им се јавуваат пациенти со барање за ПЦР тест поради интервенција, но бидејќи алгоритмот за тестирање не го дозволува тоа, матичните лакари ги упатуваат да се тестираат приватно.

„Конкретно имав пациентка која требаше да оперира огромна циста на тироидна жлезда, имаше пациент кој што бронхоскопија требаше да прави, потоа друга пациентка кој што е многу сиромашна, има огромна стомачна кила. Така да овие првите двајца ги направија, додека третата не е во финасиски можности сетоа тоа да го направи, да оди до Скопје и така…. Паника ги фати дали ќе го направат, дали ќе имаат средства, кога ќе стаса резултатот, терминот да не си го испуштат“, вели д-р Лилјана Чолакова – Дервишова за Телма од Здружение на приватни лекари.

Министерот за здравство Венко Филипче пак за Телма вели дека не е дозволено да се бара пациентите сами да носат ПЦР тест за интервенција во јавното здраство. Во болниците алгоритмот е поставен така што пациентот на кој што му е закажана операцијата се сместува во соба за изолација, му се зема брис кој се носи во Институтот за јавно здравје и за неколку часа се добива резултатот.

„На секој на кој што му била интеревенција одложена, но не само за тие, туку и на луѓе кои што доаѓаат сега за интервенции, важи овој протокол. На никој не смее да му се бара тест да плаќа приватно“, вели ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО.

.

На прашањето дали не знае дека такво нешто се случува, Филипче одговори:

„Да, ова е првпат да слушнам вакво информација и ќе ја проверам“.

Филипче за Телма информира дека од идната недела преку Мој термин ќе биде овоможено и закажување на ПЦР тест потребен за интервенции, и преку матичните лекари.

„За закажани интервенции, не само за оперативни, туку и за дијагностички како гастроскопија, колоноскопија, бронхоскопија, а за потврда дека е закажана интервенцијата ќе се бара закажаниот термин од институцијата преку системот ’Мој термин’“, вели Филипче.

Дека системот предвидел болниците да ги примат пациентите кои дошле за интервенција и да им направат ПЦР тест и се тоа на товар на Фондот за здравство, за Телма потврдија и од Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

„Постои можност пациентите кои што ќе бидат подложени на оперативен зафат, после приемот во болница, барем во нашата установа, да бидат сместени во еден изолаторен дел каде што персоналот им зема брис, се праќа на анализа во Институт за јавно здравје и во рок од 24 часа ни стигнува резултат. Се иде на товар на Фондот“ , изјави за телма д-р Љубен Арсенков, директор на УКХБ „Св. Наум Охридски“.

Арсенков вели дека за нив би било и ризично пациенти сами да си носат ПЦР тестови бидејќи немаат гаранција дека од правењето на тестот до приемот во болницата пациентите не биле изложен на вирусот. Со ваков пристап вели бил заштитен и персоналот па од 280 направени со серолошки тестови кај вработените само 10 покажале покачени одредени антитела. Арсенков притоа вели дека за шест месеци во болницата „Св.Наум Охридски“ на преглед биле примени 62.000 пациенти, а оперирани над 1.100.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари