Известувања од ФЗОРСМ

Почитувани,

Во прилог ги доставувам дополнети следните документи :

1. Известување за регулирање на боледувањето на вработени лица заболени од COVID – 19 (Коронавирус) како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза (од 30.03.2020), е заменето со новото Известување (со датум 30.08.2020).

Новото известување е усогласено со препораките кои министерот ги даде за користење на боледување на осигуреници заболени од COVID – 19.

Со Измената на Протоколот за оздравување на заболени со КОВИД-19 на домашно лекување, на Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, се наведени процедурите на оздравување на позитивни пациенти на КОВИД-19 и активностите на епидемиолошки служби во ЦЈЗ, ДСЗИ и избраните лекари.

Во измената на Протолот за оздравување на КОВИД 19, предвидена е обврската на избраниот лекар задолжително и понатаму да пополнува секојдневно „Дневна евиденција“ за здравствена состојба за пациенти со КОВИД-19 како, врз основа на која епидемиолошката служба во ЦЈЗ ќе оздравува пациенти согласно алгоритамот. При тоа епидемиолошката служба генерира сумиран извештај за дневно оздравени пациенти во ексел со податоци за истите, кој треба да се
доставува до ДСЗИ за ослободување од Решение за изолација на позитивни лица и до МВР за ослободување од домашна посета од страна на униформирано лице и ФЗОРСМ.

Врз основа на овој извештај, Лекарските комисии на Фондот ќе даваат наод и мислење за привремената спреченост за работа на осигуреници заболени од COVID 19. За да може навремено осигуреникот да го оствари ова право, извештајот за дневно оздравени пациенти од надлежниот ЦЈЗ секој ден ќе се
доставува и до ФЗОРСМ.

Поради тоа што извештајот е на ниво на цела држава со оздравени пациенти на дневно ниво, Фондот до ЦЈЗ и Мoј термин, достави е-маил на одговорните лица (раководители на подрачни служби) и координаторот на ЛК во Скопје на кои треба да се доставуваат дневните извештаи од ЦЈЗ.

2. Направено е дополнување на Соопштението за ЛКМ од 29.07.2020 год.
истакнати на веб страницата на Фондот.

Поради тоа ова соопштение се замени со ново дополнето:

1.Соопштение за ЛКМ од 30.08.2020 год.

Имено измени се направени во делот на важењето на специјалистичкиот извештај, конзилијарно мислење и отпусно писмо. Поради тоа што здравствениот систем се уште не функционира на редовен начин и полн капацитет, па осигурениците не можат секојпат да дојдат до потребен слободен термини преку електронскиот систем. Рокот на важењето на последно
издадените специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења ќе се продолжи до 30.09.2020 година за:

  • продолжување на боледување

-продолжување на хроничната терапија

  • издавање на ортопедски помагала

Од 01.10.2020 со важност ќе бидат специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења со датум не постар од 01.03.2019. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистичките извештаи/конзилијарни мислења. За
отпусното писмо постаро од 01.03.2019 ќе биде потребно да се достави
соодветен специјалистичките извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.

Специјалистичките извештаи/конзилијарни мислења може да се обезбедат и по извршена е-консултација преку е-амбуланта во системот на Мој термин.

Другите одредби остануваат непроменети.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари