Матичните лекари не добиле протоколи за ослободување на лицата со Ковид-19 од изолација

Матичните лекари се уште немаат добиено  официјално известување за новиот протокол за ослободување од изолација на пациентите позитивни на Ковид-19. Иако минатата недела министерот за здравство најави дека од петокот на сите лица кои имаат Корона, а немаат симптоми после 10-от ден, а оние кои примаат терапија или биле на болничко лекување после 20 дена нема потреба да им се прават контролни тестови и можат слободно да се движат надвор, системот преку “Мој термин” не е пуштен во функција, а следењето на пациентите со Ковид треба да го вршат матичните.

-Се уште немаме добиено никакво известување на новите протоколи, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Од министерството за здравство одговорија дека привршувале подготовките за електронско следење и евиденција на лицата кои се во изолација, и ќе важи ретроградно, односно ќе бидат опфатени и граѓаните кои веќе имале позитивен тест за Ковид-19.

-Кај сите лица кои во моментов имаат решение за изолација ќе се применува стратегијата на ослободување од изолација ако ги исполнуваат условите согласно новодонесената стратегија, велат од мз.

Инаку во дневната статистика за направени тестирања која секој ден изминатите шест месеци ја објавува здравство влегуваат и првите и вторите контролни тестови на веќе позитивни лица. Така денеска новите 78 случаи не се откриени од 860 нови сомнителни граѓани, туку во оваа бројка се опфатени и лицата кои морале да прават контролни тестови, а колку такви има на дневна основа надлежните во билтенот не вршат класификација. Според ова јавноста нема јасна претстава и колкав е процентот на заразени од тестирани.

И додека здравствените власти донесоа одлука да се укинат контролните тестови за позитивните на Ковид-19, матични лекари реагираат дека на пациенти кои едвај дочекале термин за неопходната хируршка интервенција прво им се бара негативен ПЦР тест, па после операција.

-Пациентите реагираат, некои во нивната општина немаат лаборатории па мора да одат во друг град, а дополнителен трошок е и цената на тестот, вели д-р Чолакова Дервишова.

Укинувањето на контролните тестови според здравствените власти е направено по препораки на СЗО и е  резултат на анализата на МАНУ на повеќе од 10 000 тестирања која покажала дека асимптоматските после 10 –тиот ден не можат да заразат други, но дел од епидемиолозите сметаат дека периодот на изолација е краток, односно треба да биде минимум 2 недели.

Исто така во земјава има и случаи кај кои и после повеќе од 1 месец во изолација повторно е детектиран вирусот. 

Небулозен е и фактот лицата без симптоми после 10 дена ќе излезат од изолација, а нивните контакти ќе бидат во самоизолација 14 дена.

https://sitel.com.mk/matichnite-lekari-ne-dobile-protokoli-za-osloboduvanje-na-licata-so-kovid-19-od-izolacija

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари