Навалица на пациенти кај матичните лекари – се бара термин за прегледи

Нема термини во Мој термин. Пациентите кои од вчера почнале да бараат упати од своите матични лекари не можат да закажат специјалистички прегледи во државното здравство.

Иако министерот Венко Филипче вчера рече дека сите јавно-здравствени установи веќе креираат термини, во голем дел од државното здравство термини кај специјалист или нема или првите слободни се за месец или два.

Министерот Венко Филипче вчера рече дека здравствениот систем од септември комплетно се враќа во нормала, но дека преку системот Мој термин, државните лекари-специјалисти веќе почнале да креираат термини.

Доктор Чолакова Дервишова вели дека вратила пациенти со мозочни удари, карциноми и слични тешки болести, кои сакаат да направат контрола. Таа раскажува дека на пациентка на која ѝ се запушил катетерот за дијализа, морала да и даде итен упат, бидејќи редовен термин за трансфузија имало дури во октомври.

Сепак, Чолакова Дервишова, која е и претседател на здружението на проватни лекари на Македонија, има оправдување за своите колеги-специјалисти. Вели дека е време на годишни одмори, па дел од нив можеби се уште ги користат. Но, притисокот од пациентите е голем, па таа апелира до своите колеги што поскоро да стават термини во системот.

Здравствениот систем веќе пет месеци е комплетно посветен на борба против ширење на коронавирусот. Затоа и системот Мој термин делумно беше ставен надвор од функција. Во тој период се креираа само итни или неделни упати.

https://24.mk/details/navalica-na-pacienti-kaj-matichnite-lekari-se-bara-termin-za-pregledi

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари