Онлајн-трибина: “Реформи во примарна здравствена заштита”

Лекарската комора ве известува дека во соработка со Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство ќе организира онлајн-трибини за најавените реформи во примарната здравствена заштита.

🗓Онлајн-трибините ќе се оддржуваат секој ден во периодот од 29.06.-03.07.2020год. од 13 до 15 часот.

На настанот може да учествуваат матични доктори групирани во пет групи и тоа:

1️⃣ На 29.06.2020 година матични доктори од Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар,
2️⃣ На 30.06.2020 година матични доктори од Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Дебар, Гостивар и Тетово.
3️⃣ На 01.07.2020 година матични доктори од Скопје.
4️⃣ На 02.07.2020 година, матични доктори од Куманово, Крива Паланка, Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Св.Николе, Кочани, Кратово.
5️⃣ На 03.07.2020 година, матични доктори од Велес, Штип, Пробиштип, Струмица, Радовиш, Валандово, Кавадарци, Неготино и Гевгелија.

По завршување на презентацијата матичните доктори ќе имаат можност да поставуваат прашања поврзани со настанот. Поради атрактивноста и актуелноста на темата би било во интерес на сите да има поголем број на учесници на онлајн-трибините.

Настанот ќе биде креиран на платформата Zoom, поради едноставноста за приклучување на учесниците.

Секој матичен доктор кој сака да учествува може да се пријави на lkm@lkm.org.mk, при што треба да наведе: име и презиме, име на ПЗУ во кое работи и групата/датата на која сака да учествува на настанот, по што повратно по електронска пошта ќе добие покана – линк за приклучување на настанот во зададениот термин.

Лекарска комора на РСМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари