Изјава за медиуми

Почитувани колеги,


Заради бројните реакции од членството, денес е дадена изјава за медиуми за три моменти:


1.Матичните доктори не прифаќаат дополнителни трошоци за електронски печат и времен жиг. Имаме токени и во Мој Термин точно се гледа кога и што е издадено. Каков бенефит ќе има државата или докторите од тоа??? Капитацијата не е осмислена за дополнителни трошоци.


2.Во Време на пандемија од Корона не е возможно правење на реформи и воведување на нови шифрарници. Никогаш не можеме да прифатиме да сме платени 50 % од сегашната капитација а другата половина да биде учинок. Сите учесници кои 30 месеци учествуваат во средбите со Светска здравствена организација, никогаш немаме прифатено таков модел. Напротив, сме велеле дека треба да има еден фиксен дел кој ќе нуди сигурност, но и ако се разболи доктор или оди на одмор да не остане без приход бидејќи замената ги прифаќа
сите пациенти. И ние имаме право на одмор.


3.ЗПЛРМ поднесе Иницијатива до Уставен суд за преиспитување на одлуката за награда на колегите од јавно здравство кои беа во контакт со корона пациенти. Матичните доктори беа во првите борбени редови, колегите од Дебар направија скрининг на цело население. …Награди или за сите или за никој. И ние сме дел од јавното здравство. Никој нема право да не игнорира. Пораките
на Владата беа -Јави се кај Матичен лекар и на крај во наградени никаде не нема. Матичните доктори со своето знање не дозволија италијанско сценарио на Корона.


Бараме почит и просперитет…
ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари